Светски економски форум: Најголем ризик за светската економија е големата нееднаквост на приходите
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Сѐ поголемата нееднаквост на приходите се смета за најголем ризик за светската економија во 2017 година, па, покрај потребата за оживување на растот, како сѐ попотребни се сметаат реформите на пазарниот капитализам, што, исто така, треба да се вбројат во агендите за ублажување на незадоволството на граѓаните, порачаа од Светскиот економски форум (World Economic Forum – WEF).

Анкетата за потребите на извештајот на WEF за глобалните ризици покажува дека експертите веруваат оти растот на нееднаквоста по прашањето на приходите и на богатството, ќе биде најзначаен тренд што ќе го одреди развојот на ситуацијата на глобален план во наредните 10 години.

Ова е објавено недела пред редовниот годишен состанок на WEF,што ги собира најважните светски бизнис и политички елити во Давос.

„Ова укажува на потребата за оживување на економскиот раст, но сѐ посилната недоверба на јавноста кон политичките елити покажува дека можеби поминал моментот кога само тоа би било доволно да се излекува расколот во општеството. Реформирањето на пазарниот капитализам, исто така, мора да се вброи во агендата“, се вели во вчера објавениот извештај на WEF.

Во Давос се очекува темелно да се протресе прашањето „зошто луѓето се гневни и не се задоволни“.

Со изборните изненадувања од 2016 година, и сѐ поголемиот подем на партиите што се залагаат за национален суверенитет и традиционални вредности во Европа и пошироко, испитаниците на анкетата, меѓу петте најголеми ризици за глобалната економија ги вброиле сѐ посилната поларизација и усилениот патриотизам.

„Годините на засилување на притисокот во многу делови од светот, барем во периодот по глобалната финансиска криза, доведоа до драматични политички исходи во 2016 година, како што незадоволството на граѓаните од статус-квото земаше сѐ поголем замав“, се вели во извештајот, додека се алудира на Брегзитот, на победата на „аутсајдерот“ Доналд Трамп.

Во споменатата анкета учествувале околу 750 експерти од бизнис и академскиот свет, од цивилните општества и владите ширум светот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×