Светски конгрес на претприемачи – Преку соработка во регионот до поголеми резултати
Објавено на од во Економија
Важно е економските интереси, просперитетот на целиот Западен Балкан да биде ставен во прв план и да сфатиме дека преку таа соработка, која има и традиција, можеме да постигнеме многу поголеми резултати. Денес многу луѓе од овој регион се иселуваат наместо да се организираат и да создадат подобар живот.
Screenshot_3Ова го порача денеска Велимир Срича, претседателот на Програмскиот одбор на Меѓународниот економски форум „Перспектива“, на Светскиот конгрес на претприемачи „Претприемаштво: луѓе, соработка, развој, безбедност“.
Тој наведе дека, на Конгресот очекува да се состанат претприемачите од регионот и да зборуваат за проблемите, за решенијата за проблемите, како да се подигне нивото на претприемачката култура, како да се подобри соработката, како да се унапредат економските односи и како да се постигнат подобри резултати.
„Денес се повеќе владее верување дека капиталот што се вложува во мали бизниси е многу ризичен, но истовремено дава големи ефекти. Вие можете да очекувате дека од 20 компании, една или две добро успеваат. Но тие кои ќе успеат ќе остварат врвни резултати“, нагласи Срича, осврнувајќи се на демотивираноста на младите луѓе за отворање сопствени бизниси.
Професорот истакна дека малите претприемачи сочинуваат 90 проценти од стопанството во просечна и земја и оти поради тоа треба да им се даде можност и да се создадат услови за нив.
Тој изрази уверување дека Северна Македонија ќе добие датум за преговори за влез во Европската Унија, посочувајќи оти земјите членки имаат голем економски бенефит како дел од Унијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×