Светскиот бизнис очекува подобрување на економијата и повеќе зделки
Објавено на од во СВЕТ БИЗНИС И ФИНАНСИИ
bigstock-Businessman-LookingСè е постабилна и ќе се зголемува активноста на светскиот пазар на поврзувања и преземања, вели истражување на EY

Забрзувањето на темпата на раст во еврозоната го поттикнува оптимизмот кај глобалниот бизнис, и сѐ повеќе менаџери бараат можности да го искористат позитивниот тренд и да ги зголемат добивките. Како резултат, сѐ повеќе компании планираат следната година да растат преку поврзувања и преземања (M&A). Ова го покажуваат податоците од годишното истражување за довербата во економијата на светската инвестициска заедница, Global Capital Confidence Barometer, спроведено од консултантската компанија EY.

 

Силен оптимизам

Истражувањето покажува дека огромен дел од извршните директори во светот, 98%, сметаат оти глобалната економија е стабилна или се подобрува, а 99% гледаат на ист начин на светскиот пазар на поврзувања и преземања. Како главни ризици во однос на растот, менаџерите посочуваат на евентуалните погрешни чекори во одредувањето на политиките во областа – како, на пример, многу големото зголемување на каматните стапки од страна на централните банки или повлекувањето премногу ликвидност од меѓународните финансиски пазари. Но, во целина, очекувањата за корпоративните профити, пристапот до финансирање и стабилноста на пазарите на краток рок се многу позитивни.

Ветувачките перспективи ги тераат бизнис лидерите низ светот да го насочат своето внимание сѐ посилно кон можностите за развој, вклучително преку зделки со други компании. Според истражувањето, идентификацијата на таквите можности ќе биде топ приоритет меѓу менаџерите во следните шест месеци (19%). Влијанието на дигиталните технологии и нивното трансформирачко влијание врз бизнис моделите (18%), активизмот од страна на акционерите (17%) и длабинските анализи на портфолиото на друштвата (16%), исто така ќе бидат меѓу водечките теми за размислување на високите катови на корпоративното управување.

Зделки на хоризонтот

Поволните пазарни фактори, меѓу кои ниските каматни стапки, вишоците од парични резерви, големиот број подготвени зделки и рекордно високите суми за инвестирање, со кои располагаат фондовите за капитални инвестиции, веројатно ќе го движат пазарот на поврзувањa и преземања во следните месеци, забележуваат од EY. Резултатите од истражувањето посочуваат дека во октомври 2017 година, делот на компаниите кои имаат намера во следните 12 месеци активно да бараат можности за зделки на поврзувања и преземања, е 56% – вредност што останува блиска до покажаните пред една година рекордни 57%.

Но, делот на друштвата кои погледнуваат преку граница и покрај регулаторните ограничувања расте – во октомври скоро три четвртини од нив (74%) посочуваат дека ќе бараат можности за поврзувања и преземања надвор од домашните пазари, додека во април такви планови имале 64% од компаниите. Најатрактивната дестинација останува САД, за што придонесуваат како подобрувањето на перспективите пред економијата на државата, така и нејзините традиции во областа на иновациите, велат аналитичарите. Во топ 5 најатрактивни за инвеститори држави спаѓаат уште Кина, Велика Британија, Германија и Австралија.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×