Светскиот гигант Unilever ја купи бугарската марка на сладоледи Denny Ice Cream 
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Denny Ice creamМеѓународниот гигант во областа на производи за широка потрошувачка, производи за хигиени и прехранбени производи Unilever  е новиот сопственик на бугарскиот бренд на сладоледи Denny Ice Cream.Фирмата е основана од локален производител во тој сегмент со обрт од 6,2 милиони евра во 2017 година и 100 вработени.
Бугарската фирма е основана во 1993 година од Цветан Димов и Румен Данчев, која денес има една фабрика во Велико Трнови и локална дистрибутивна мрежа.
“Бугарската подружница за сладоледи на Unilever и Denny Ice Cream ќе се спојат, комбинирајќи го глобалното know-how и способностите на Unilever со искуството и познавањето на локалниот пазар на Denny Ice Cream”, посочуваат од Unilever.Еден од двата основачи на фирмата Цветан Цветанов ќе биде извршен директор на новата фирма, која ќе биде дел од Unilever South Central Europe.
Вредноста на зделката меѓу двете компании не се објавува, а договорот допрва треба да добие одобрување на Комисијата за заштита на конкуренцијата.“Горди сме дека во последните 25 години изградивме голем бизнис во Бугарија и веруваме дека нашето наследство и познавање се признаени од Unilever. Присоединувајќи се кон портфолиото на водечкиот глобален производител на сладоледи ќе биде од корист за брендот Denny Ice Cream”, коментира Цветанов.
Unilever е присутен на 190 пазари во светот и има над 2,5 милијарди потрошувачи дневно. Компанијата има 161.000 вработени и продажби од 53,7 милијарди евра во 2017 година.
unilever-e1436927226455
Меѓу водечките марки кои се во нејзиното портфолио се Rехоnа, Реrѕіl, Dоvе, Кnоrr, Dоmеѕtоѕ, Неllmаnn”ѕ, Lірtоn и Аlgіdа.
Во Централна и Источна Европа Unilever има канцеларија во Букурешт, кој е одговорен за продажбите во Романија, Бугарија, Србија, Црна Гора и Молдова.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×