Свилановиќ: Постои поддршка за регионалната економска зона, но се оди тешко
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Шефовите на владите уште во Трст се имаат обврзано да работат на формирање регионална економска зона.
goran-svilanovic-n1Генералниот секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ на Бизнис форумот на Копаоник изјави дека една од пораките од панелот за регионална соработка и за ЦЕФТА договорот, е дека шефовите на владите уште во Трст се имаат обврзано да работат на формирање регионална економска зона, но во пракса, некаде во бирократијата, гласовите за поддршка се губат.
„Ќе имаме успех оваа година. Прво во Белград следниот месец ќе имаме договор за роамингот, а потоа во Познан во јули договор за признавање на дипломите. Сепак, се тоа е многу бавно“, рече Свилановиќ.
Тој додаде дека ситуацијата со таксите кои Косово ги воведе, е само илустрација на тоа како функционира ЦЕФТА и дека секоја година има многу проблеми со нетарифните бариери. Тој истакна дека времето е клучен фактор.
„Или во наредните една или две години ќе се договори регионална економска зона, која подразбира отстранување на нетарифните бариери, или ќе се бара друг начин. На состанокот беа многу остри и испратија јасна порака на фрустрација на бизнис заедницата поради неусогласеноста од различни страни во границата на зоната која сакаме заедно да ја формираме. Или ќе се промени ЦЕФТА на начин кој ќе биде функционален и има механизам со кој ќе се решаваат споровите“, истакна Свилановиќ.
Тој изрази верување дека договорот со Косово ќе ги отвори сите потенцијали што Србија ги има, како на пример дипломатските, политички, економски, социјални, културни …
„Додека оваа тема не е зад нас… на помалку квалитетен начин ќе се справиме со прашањата кои се од витално значење за секоја земја: владеење на правото, слобода на медиумите и борба против криминалот“, заклучи Свилановиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×