Таблетите и паметните телефони може да влијаат на социјалниот и емоционалниот развој на вашето дете
Објавено на од во lifestyle
Користење на smartphone или iPad за смирување на вашето дете, може да го попречат развојот на способностите за самоконтрола, покажуваат новите истражувањa на theguardian.

Прекумерна употреба на мобилни уреди на многу рана возраст, може да има негативно влијание врз развојот и однесувањето на децата. Ова го тврдат истражувачите на Универзитетот во Бостон на Факултетот за медицина. Одвлекувањето на внимание со помош на таблет или smartphone, може да биде штетно на нивниот социо-емоционален развој.

Употребата на интерактивен екран од страна на дете под три години, исто така, можат да го загрозат развојот на вештини потребни за математика и наука.
Jenny Radesky, клинички инструктор по педијатрија на Факултетот за медицина, објави наоди од истражувањата својот тим во списанието на Американската академија за педијатрија. Таа ги повика родителите да го зголемат “директно од родител на дете интеракција” со нивните деца.

Radesky ги советува родителите да секојдневно поминуваат најмалку еден час во дружење и комуникација со своите деца, но потполно без телевизија и мобилни уреди.
Таа истовремено потенцира дека прекумерната употребата на паметни телефони и таблети може да развие емпатија кон решавање на проблеми, развивањето на вештини и елементи на социјална интеракција, кои вообично би се научил за време на неструктурирани игра и комуникација со врсниците.

Играњето со вистински коцки и создавање на фигури со нив, многу повеќе му помога на детето во развојот на математичките вештини, одколку интерактивните електронски gadget-и, откриваат истражувачите.
“Овие уреди неможат да ги заменат активностите со раце, важни за развојот на сензомоторните и визуелно-моторните способности, кои се важни за учење и примена на математика и наука”, тврди Radesky.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×