Тачи: Идејата за таксите беше на Хоџа и Весели
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Одлуката за таксите кон српски и босански производи не треба да се злоупотребува од страна на „тројца- четворица носители на владата во Приштина“, изјавил претседателот на Косово, Хашим Тачи.

_89128100_thaci

„Одлуката за таксите е исправна и искрена, но не треба да се злоупотребува за други интереси кои штетат на интересите на Косово“, за телевизија „Клан Косова“ изјавил Тачи.

„Прашањето за суспендирање на таксите од 100% треба да биде нешто за кое ќе се дискутира помеѓу владите на Косово и ЕУ. Се надевам дека оваа ситуација ќе се надмине во блиска иднина, како Косово не би било сметано за пречка во продолжување на дијалогот и како земја која не ги почитува правилата на дијалог и преговор“, истакнал тој.

Тој исто така ја искажал својата надеж дека постојниот „цврст став“ на приштинската влада ќе биде брзо надминат и дека луѓето ќе „гледаат во иднината“. Смета дека Србија го заслужила ова и додал дека тоа било барање на заменик премиерот Енвер Хоџа и претседателот на Собранието Кадри Весели кои пак му’ предложиле на премиерот Рамуш Харадинај да донесе таква одлука.

„Кога ќе се укинат таксите? Не е наша одлука, но ние ќе ја почитуваме одлуката на владата. Ја ценам ангажираноста на Весели и Харадинај во врска со состанокот кој го имаа со амбасадорот на САД, Филип Коснет, како и со претставниците на ЕУ“, изјавил Тачи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×