Тачи: Ќе ги суспендираме таксите, но потребно е време
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Тачи побара почитување на советот на САД за суспензија на царините за производи од Србија.

хасим таци

Претседателот на Косово, Хашим Тачи изјави дека Приштина по ниту една цена нема да дозволи односите со САД да бидат нарушени и дека ќе постапи по барање на Вашингтон за суспензија на царините за производи од Србија, но дека за тоа ќе треба „малку повеќе време“.

„Колку порано го затвориме тоа прашање, толку подобро“, рече Тачи, во интервју за „Топ чанел“.

Тачи наведе дека нема да дозволи Белград да го условува продолжувањето на дијалогот.

“Косово имаше право да донесе одлука за зголемување на таксите, но истовремено треба да водиме сметка за нашите односи со САД“, рече Тачи.

Тој, по повод барањата на САД и под закана од санкции за Приштина да ги тргне таксите, со цел да се отвори патот за продолжување на дијалогот, рече дека односите на ниту еден начин не можат да бидат компромитирани и дека нема цена која ќе го наруши партнерството на Косово со САД.

„САД помогнаа Косово да биде слободно и независно, секој нивен совет го испочитувавме, што и на нас и на нив ни донесе само добро. И овој совет, секако, ќе биде испочитуван“, рече Тачи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×