Тачи: Мала корекција на границата прифатлива за конечен договор со Србија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, изјавил дека Приштина би требало да даде дел од територијата како цена за конечен договор со Белград.

1114559158

Тој ова го кажал на форум одржан од Советот за надворешни работи во Вашингтон, пишува Новости.

„Ако мала корекција на границата е цена за конечен мировен договор, тогаш тоа ќе мора да се прифати. Езерата Газивода, Митровица и Трепча се ресурси за кои не се преговара“, изјавил тој.

Тој додал дека главна цел на договорот помеѓу Белград и Приштина е признавање на Косово и членство во Обединетите Нации.

Говорел и за значењето на САД во поддршката на Косово, велејќи дека секогаш кога се заедно Косово е победник.

„Иако на почетокот остварените компромиси се чинеа тешки, подоцна се покажа дека биле многу добри стратешки одлуки. Нема да прифатиме договор кој не е прифатлив за Вашингтон“, рекол Тачи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×