Тачи: Заканите за војна од Србија се неприфатливи – не е ова времето на Милошевиќ
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Косовскиот претседател Хашим Тачи, во реакцијата во врска со изјавата на српскиот претседател Томислав Николиќ, дека Србија е подготвена да испрати војска на Косово, оценува дека „целите на Србија денес се идентични како оние на Слободан Милошевиќ во деведесеттите години“.

„Косово е заинтересирано за дијалог и нормализирање на односите, а заканите за војна се неприфатливи“, напиша Тачи на својот профил на Фејсбук.

Тој искажува задоволство поради избегнувањето тензии во политичката ситуација и безбедноста во земјата и регионот, спречувајќи го, како што напиша, илегалното влегување на српскиот пропаганден воз на територијата на Косово.

Тачи вели дека Косово го почитува слободното движење на луѓе и стоки и оти тоа го потврдило со отворањето нови гранични премини со соседите, но дека не може да толерира старо српско сценарио, според кое, за жал, додава тој, Белград презема кампања на провокации во континуитет.

„Затоа, органите на редот и безбедноста презедоа мерки да се спречи заканата по интегритетот и суверететот на Република Косово  од страна на властите на Србија“, наведува Тачи.

Тој се надева дека српските власти сфатиле оти нивното дејствување е незаконско и е во спротивност со духот на дијалог и соработка, кои се промовираат во регионот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×