Тајланд издаде лиценци на четири берзи за размена на крипто валути
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
kripto

Тајланд сака да биде центар на блокчеин индустријата во Азија.

 

Тајланд и се придружи на Јапонија во регулацијата на размената со криптовалути, откако ги издаде првите лиценци за четири берзи за размена на криптовалути кои аплицирале за лиценцата. Четирите тима, кои добиле дозвола за работа како лиценцирани брокери и дилери на крипто валутите се Bx, Bitkub, Coins and Satang Pro.  Две апликации од Cash2Coins and Southeast Asia Digital Exchange, неуспеале да ја добијат лиценцата заради недоволно познавање на процесите на нивните купувачи и неадекватна ИТ инфраструктура и тие ќе мора да бидат затворени до крајот на овој месец.

Овој потег е поздравен како главен чекор кон легитимирање на крипто валутите во Тајланд.

„Mожеме да бидеме партнери со традиционалните финансиски институции, брокери, е-паричници (e-wallets )итн. за да понудиме повеќе финансиски производи на купувачите“, вели Џираут Срупсриопа, основач на Bitkub. “Тесното грло беше регулирацијата“.

Овој чекoр може да помогне Тајланд да се постави како центар во блокчеин индустрија во Азија.

Државата најави регулирање на ICOs (initial coin offerings) и олабавување на правилата. Тоа комбинирано со лиценцирани берзи  може да биде привлечно за оние кои бараат „регулаторски раеви“, во време на забраната од страна на Кина за крипто валутите и засилената активност од SEC во САД.

Но, Тајланд е решен во конкурентската борба да привлече блокчеин проекти и таленти.
Сингапур веќе се наметна како глобален центар за ICOs и има поголем број на експерти од повеќето земји го Југоисточна Азија. Јапонија прва ги регулираше берзите на криптовалути, и веќе постојат повеќе од 12 лиценцирани берзи и индустријата на размена на криптовалути веќе има саморегулирачки статус.

Виетнам, пак, се наметнува како центар за блокчеин таленти со кинеските компании Huboi and Quoine, кои се родители на Liquid exchange.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×