Тајната за автомобилите на Тито
Објавено на од во lifestyle
Јосип Броз Тито е државник кој има најбројна колекција на единствени и луксузни автомобили на светот. Се проценува дека во неговиот возен парк имало најмалку 85 автомобили

Автомобилите за Тито претставувале своевиден реквизит за водење на надворешна политика. Моделот на автомобил во кој ги возел најважните државници од целиот свет во тоа време, говорел погласно од било кој извештај во весниците или на телевизија.

Tito 2Пример за тоа е познатата посета на лидерот на Советскиот сојуз Никита Хрушчов на Белград во мај во 1955 година. Советите заради безбедност во Белград  донеле дури пет блиндирани возила, за превоз од земунскиот аеродром до Белград. Меѓутоа, Тито на лице место го променил протоколот и со Хрушчов седнал во отворен кадилак. Со тоа сакал да покаже дека Југославија е самостојна и безбедна држава, но пораките одат и многу подалеку.

Во касарната Гарде во Белград се наоѓаат шест автомобили кои ги користел доживотниот претседател на Југославија. Многу автомобили биле уништени или се наоѓаат во приватни колекции, а помал дел се на островот Бриони. Меѓутоа, 15 автомобили кои се со историска вредност, кои се во сопственост на Музејот на историја на Југославија и на Воениот музеј, се изложени во Техничкиот музеј на Словенија.

Tito 1
Автомобилите по основ на договор за позајмица од 1986 година во музејот во Бистра. Договорот е потпишан на пет години и истекол на 27 јануари 1991 година, но шест месеци подоцна, дојде до немири и воени конфликти и така автомобилите и денес се наоѓаат во Словенија.

Во специјалната емисија “Око магазин” можете да ја видите највредната колекција на автомобили в овој дел на Европа, која се наоѓа во Техничкиот музеј на Словенија и како денес изгледаат познатите мерцедеси на тито.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×