Тајната зад успехот на Ирска
Објавено на од во СВЕТ БИЗНИС

A protester holds up two Irish flags inЕкономскиот пат на келтскиот тигар

Ирска важи за една од најуспешните економски приказни и многу често се пишува за „тајните“ на нивниот успех. Магијата е паметното осмислување на визијата за сопствената иднина, храброст при донесување на важните одлуки и стратегии, а потоа и конзистентност во спроведувањето на договорените активности.

 

Ирска  важи за една од најуспешните економски приказни и многу често се пишува за „тајните“ на нивниот успех.
Но, како и со најуспешните животни и бизнис приказни, тајни впрочем нема. Бидејќи зад сегашната економска позиција на Ирска како една од најуспешните држави во светот, стојат децении на упорна, конзистентна и тешка работа и труд.
Магијата на паметното размислување
Немаше магично стапче. Магијата е паметното осмислување на визијата за сопствената иднина, храброст при донесување на важните одлуки и стратегии, а потоа и конзистентност во спроведувањето на договорените активности.
Би можело да се нарече и „азбука“ за управување и водење на секоја компанија, која студентите од економија ја учат уште од првата година на студирање. Ирците оваа азбука за управување успешно ја применија на држава со речиси 5 милиони луѓе.
Ирска беше нарекувана келтски тигар во 90-тите години на минатиот век, кога во периодот од 1994 до 2008 година забележа неверојатни стапки на раст, се разбира за европски услови.
БДП (бруто националниот приход) порасна на просечна годишна стапка од 9,4% помеѓу 1995 и 2000 година, а потоа се намали малку – со просечна годишна стапка од 5,9% од 2001-2008 година. разбирајќи ги овие резултати, просечната стапка во ЕУ беше 2,9% од 1995-2000, и 2,3% од 2001-2008 година (според податоците на Светската банка).
БДП растеше со просечна годишна стапка од 9,4% во периодот од 1995 и 2000 година, а потоа економијата малку забави и растеше со просечни стапки од 5,9% во периодот од 2001 до 2008 година.
За споредба и подобро разбирање на овие резултати, просечната стапка во ЕУ во периодот од 1995 година до 2000 година беше 2,9%, односно 2,3% во периодот од 2001 до 2008 година.
Овој одличен резултат беше само нормална последица на огромниот труд на неколку генерации, како и на реформите и промените што се случија уште од далечната 1949 година до средината на 1990-тите, а овој тренд на промени продолжи и до ден денеска.
Макроекономските експерти се согласуваат за клучните лостови на економското заживување на Ирска.
Најчесто споменувани се следниве фактори:
  •  Даночната политика
  • Мерките преземени за зголемување на извозот и привлекување странски инвестиции
  • Реформа на образовниот систем
  • Членство во Европската унија од 1973 година
  • Доброто познавање на англискиот јазик како предност во соработка со глобалните компании.
Даночни и други мерки за зголемување на индустриското производство и извозот
Во далечната 1949 година е основана IDA, Државната агенција за индустриски развој (Industrial Development Authority).
Агенцијата IDA во сите години од основањето до денеска игра клучна улога во привлекувањето на странски инвестиции. Многу рано, Ирците сфатија дека, во светот, глобално променет по Втората светска војна, како мала земја и економија, имаат шанса да се развиваат само со отворање на своите граници – стимулирање на извозот и привлекување странски инвестиции.
Долготрајната традиција на изолационизам беше свртена сосема во спротивен правец, благодарение на брилијантната одлука на ирската влада во ноември 1956 година, со која извозниците се ослободуваат целосно од плаќање на данок на добивка EPTR – Export Profit Tax Relief).
Со воведувањето на нулта стапка на данок на добивка остварена од извоз,  извозот на ирските производители се зголеми за 18% во 1957 година, а двапати за само 5 години, во периодот  од 1956 до 1960 година!
Она што е можеби поважно од таквиот спектакуларен извозен резултат е фактот дека со овој потег е поставена стратешката основа за ирскиот развој: ниски даноци на компаниите.
Овој потег при воведувањето привлече многу странски директни инвестиции, а таквиот пристап се задржува и до денеска. Еве веќе 63 години по воведувањето на даночното ослободување на извозот, Ирска има најнизок данок на добивка од само 12,5% со многу дополнителни придобивки за странските инвеститори. Многу влади се сменија, но не и стратешката определба за ниски даноци.
Irska 3Реформа на системот на образование
Ирскиот образовен систем до средината на 60-тите години беше, според зборовите на тогашниот министер за образование, Д. О ’, Малли, „темна дамка на совеста на ирскиот народ“.Сеопфатната студија објавена во 1965 година покажа голема нееднаквост во образованието како последица на социјалниот статус или географската локација и престој на студентите.
Повеќе од една третина од учениците се откажувале од образовниот процес после основното училиште бидејќи родителите честопати немале пари да ги платат школарините затоа што средното образование не било бесплатно.
О’ Малли одлучи да ја преземе одговорноста. Во септември 1967 година, тој организирал прес-конференција и без претходна консултација или согласност од владата и премиерот, без буџетски средства, во јавноста ја објавил веста за бесплатно средно образование за сите студенти.
Граѓаните на Ирска со големо воодушевување реагираа на ваквата одлука и немаше враќање назад. Под притисок на јавното мислење беше донесен Законот за бесплатно средно образование. За помалку од 10 години, двојно е зголемен бројот на ученици со завршено средно училиште.
Подобрата едукација на населението овозможи трајни промени во ирското општество: економски развој, социјална мобилност и културни промени. Храброста и визионерската инспирација на еден човек паднаа на плодно тло. Ирскиот народ ја покажа својата зрелост, ја препозна важноста на образованието за генерациите што доаѓаат и со акламација ги поддржа промените.
Повеќе од 90% од Ирците денес поседуваат средно училиште и според овој показател се на врвот на Европската унија.
Ирска е членка на ЕУ од 1973 година
Ирска, покрај Велика Британија и Данска, беше во првиот круг на проширување на тогашната Европска економска заедница, денешната Европската унија. Слободниот пазар од тогашните 9 земји и употреба на т.н. Кохезивни фондови на ЕУ, Ирска ги искористи на најдобар можен начин.
Парите од европските фондови главно се инвестираа во инфраструктурни проекти, патишта, железници, институционален развој. Но, и тука Ирска ја покажува својата различност и памет: дури 35% од вкупните пари добиени од ЕУ се инвестираат во развој на образовниот систем!
Или Ирска инвестираше дури 40% повеќе во својот образовен систем од другите членки на ЕУ. Долгорочните ефекти на таквата одлука се чувствуваат и во 21 век.
Наместо заклучок
Каде е Македонија ако се спореди со Ирска? Имаме ли ние како држава визија каде се движиме ? Кои се нашите визионери? Кои вредности кои ги цениме и врз основа на кои го базираме развојот? Кои успеси од поранешните генерации ги признаваме или стратешките основи одново се градат со секоја промена на власта? Дали чесноста, довербата, почитување на другите, давање на личен придонес кон заедницата во која живееме сосема се изгубија и им остапија простор на корупцијата, крони капитализмот, на етикетирањето на комуњари и патриоти…?
Одговорот е поедноставен отколку што изгледа. Ние едноставно немаме доволно знаење, способност и капацитет да ги искористиме и шансите кои ни се даваат што е последица на фактот што никако да разбереме дека образовниот систем е најголема компаративна предност или недостаток на една држава.
Без почитување на овие универзални вредности, ќе биде тешко да постигнеме социјален договор тоа каква држава сакаме да имаме, околу визијата на нашето општество и нашите стратешки лостови на развој. А без тоа, ќе продолжиме да бидеме осудени на постојано талкање по нашиот пат, обвинувајќи ги другите (претходните влади, соседите, ЕУ …) за нашите неуспеси и назадување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×