Тајните на симболите во технологијата
Објавено на од во hi-tech & business
Дали некогаш сте се запрашале, како настанале графичките симболи, знаци или икони за потрошувачката електроника и она што тие значат?

free-vector-glassy-usb-symbol-clip-art_110055_Glassy_Usb_Symbol_clip_art_hightUSB

USB иконата е инспириран од трозабецот на Нептун, богот на морето од римската митологија или Посејдон од грчката митологија. Дизајнерот на USB иконата, го заменува долгото копје со три шилци со еден триаголник, квадрат и круг. Ова е направено за да се прикаже разновидноста на уредите кои можат да бидат поврзани со USB стандардот.

poseidon-a

 

BTBLUETOOTH

Имеto и симболот на Bluetooth се базира на легендата за данскиот крал Харалд Blåtand (англиски Bluetooth превод) Gormsen. Тој во 10-от век ги обединил викиншките завојувани племиња на Шведска, Данска и Норвешка, а симболот Bluetooth е формирана од комбинација на двата знакаод иницијалите на кралот од нивното писмо, “H” и “B”. Според легндата, кралот бил опседнат со овошјето боровинка, така што и еден заб му бил обоен во сино.

Bluetooth

 

power_off_Vector_ClipartON/OFF

По Втората светска војна, инженерите го користат бинарниот систем за приказ на поединечни ситуации, кои се менуваат со ротација на прекинувач: 1 “за вклучено”, а 0 “за исклучено”. Од тука произлегува и иконата која содржи прекинато кругче за “0“ и вертикална цртичка за “1“


 

Shield KnotAPPLE функционално копче

Симболот е создадена во 1983 година и е препознатлив симбол типичен за Apple компјутерите и Mac OS платформата. Дизајниран е за да се нагласи посебната функција на тастатурата за различни команди во комбинација со други функции. Оригинално било замислено да стои јаболчето  од Apple, но на Стив Џобс не му се допаднала премногу таа идеја. Едноставно сметал дека логото на “Apple” не треба да биде толку да биде насекаде присутно. За таа цел ја задолжил Susan Kare, дизајнер за графика и фонтови на Apple Macintosh, да дизајнира нов симбол. Нејзината инспирација произлегла од симболот на цвеќе које се користи во Скандинавските домови за заштита од лоша среќа. Инаку уште е познат како симбол на стилизиран крст на Св Ханс (Св. Јован Крстител). Крстот често се нарекува и Shield Кnot.Apple_key


 

media-hiPLAY – Старт

Од комерцијален аспект, за прв пат овој симбол го употребува Philips на своите касетофони во 1965, под брендот Norleco, на копчето за старување на аудио касетите. Каде и како дизајнерот нашол инспирација за симболот, не е познато.


 

Pause ButtonПАУЗА

За симболот ПАУЗА постојат две теории. Првата е дека симболот е инспириран од јапонскиот симбол “リ”, што го означува пауза. Втората теорија, поверојатна е дека поврзан со музиката и поезијата. Во музичката нотација, ликот формиран од две коси црти се вика цезура. Означува тивка пауза во музичкото нотирање на петолинието. Во поезијата, цезура е пауза некаде во средината на стихот која се означува со две вертикални линии ||.

Pauza


FireWireFireWire

Во 1995 година, Apple ја развива FireWire технологијата и е во потрага за симбол, кој точно би ја отсликалфункционалноста. Тие се одлучиле за симбол со три гранки кои претставуваат видео, аудио и податоци.


 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×