Тајните за успех на Ворен Бафет
Објавено на од во луѓе и компании

Warren Buffett And BofA CEO Brian Moynihan Speak At Georgetown UniversityВорен Бафет е еден најуспешните инвеститори во историјата. Денес тој има богатство од над 70 милијарди долари, што го прави трет најбогат човек во светот. Тој важи за човек кој отсекогаш ги правел работите на негов начин. Селектиравме неколку изјави преку кои најдобро може да се допре до неговиот стил на живот и начинот на кој ги носи секојдневните одлуки.

Издвојте се од вревата

“Инсистирам одредено време од денот, и тоа секој ден, да одвојам и само да седам и да размислувам. Тоа е многу невообичаено во американскиот бизнис. Само читам и размислувам. И тоа помага да носам помалку импулсивни одлуки за разлика од многу други луѓе во бизнисот”.

Секогаш знајте со кого си имате работа

“Не можете да направите добар договор или добра зделка со лош човек”.

Делувајте со интегритет

“Потребни се 20 години за да се изгради репутацијата и само пет минути за таа да се уништи. Ако тоа секогаш го имате на ум, работите ќе ги правите поинаку”

Не мора да бидете генијалец, за добро да инвестирате

“Не треба да бидете научник за ракети. Инвестирањето не е игра во која оној кој има коефициент на интелигенција од 160 го победува оној кој има коефициент на интелигенција од 130”

Одберете со кого се дружите

“Подобро е да се дружите со луѓе кои се подобри од вас. Одберете да се дружите со луѓе чие однесување или одлучување се подобри од вашето и ќе се движите во таа насока”.

Одете против сите

“Бидете плашливи кога другите се алчни и алчни кога другите се плашливи”

За некои работи е потребно време

“Без разлика колку е голем голем талент имате или колку голем напор вложувате, за некои работи е потребно време”

Лошите работи не се очигледни во добри времиња

“Единствен начин да дознаете кој пливал гол е кога бранот ќе се повлече”.

Не ги заборавајте основите на бизнисот

“Цената е нешто што го плаќаш, вредноста е тоа што го добиваш”.

Бидете самоуверени

“Отсекогаш знаев дека ќе бидам богат. За тоа не сум се сомневал никогаш ниту една минута”.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×