Таксистите се закануваат со блокада на Загреб
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Хрватските таксисти подготвуваат протест ако тамошното Министерство за транспорт и врски не ја забрани работата на Uber. Ако протестот не вроди со плод, тие се закануваат дека ќе го блокираат Загреб.

Таксистите сметаат дека Министерството мора да ја забрани работата на американската онлајн компанија за транспорт, бидејќи веќе утврдило дека работи незаконски – оти партнер-возачите на Uber илегално вршат такси превоз.

„Прво ќе организираме мирен протест и нема да ги малтретираме граѓаните, а потоа, ако не се забрани работата на Uber, ќе го блокираме аеродромот и градот Загреб. Во Франција таксистите така се изборија за своите права“, изјави претседателот на Здружението Радио Такси Загреб, Иван Пилко.

Хрватските таксисти тврдат дека дневниот промет им паднал за 40% откако Uber лани влезе на хрватскиот пазар, и оти го загубиле речиси сиот ноќен превоз на патници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×