Талимџиоски: Нашите раководства немаа визија и капацитет да ги искористат фондовите на ЕУ
Објавено на од во Економија
Голем дел од средствата што преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската унија и се достапни на Македонија се неискористени. Административниот капацитет  на секоја земја кандидат за членство во ЕУ се мери според искористеноста на фондовите кои и стојат на располагање. За оваа тема Капитал разговараше со економскиот аналитичар и финансиски и административен менаџер на ЕУ проекти  Александар Талимџиоски.
talimdzioskiМакедонија е на прагот на отпочнување на претпристапни преговори со ЕУ. Имаме ли доволно човечки и иинституционални капацитети кои ќе гарантираат успешно и ефикасно исполнување на бенчмарковите на ЕУ?
Судејќи по последните јавни настапи на министерот за администрација и информатичко општество, македонската Влада, и следствено нејзината администрација, се далеку од спремни за отпочнување на претпристапните преговори со Европската комисија. Мислам дека се’ уште има огромно влијание високото ниво на партизираност на самата администрација, како и целото наше општество во целина, па и оваа Влада многу слично на претходната, костурот на тимот кој ќе ги предводи преговорите во голема мера го состави (и се уште го составува) од свои партиски членови кои на еден или друг начин имале допир со ЕУ фондовите. Таквиот начин на креирање на самите преговарачки тимови, каде не е направен еден поширок опфат на општествените чинители во државава, кои можат да дадат и тоа каков придонес со своето искуство и знаење во самите процеси, во старт ги намалува шансите процесот на интеграција во ЕУ да заврши во посакуваните 4-6 години. Со народски јазик кажано, нам многу повеќе ни требаат луѓе во преговарачките тимови кои низ годините го дишеле бриселскиот воздух, наместо оние кои го дишеле воздухот на Бихачка (СДСМ) или во Белата палата (ВМРО).
Македонија во изминатиот период не сакаше да го сфати сериозно потенцијалот на ИПА фондовите кои служат за помош да се спроведат реформите потребни за влез во ЕУ. Каде кочи Македонија во искористувањето на постоерчките фондови кои се на располагање на земјава?
Не би рекол дека не сакаше, колку што нашите раководства немаа визија и капацитет да дозволат вистински луѓе да седнат на правите места. Потенцијалот беше и се уште е огромен, само преку ИПА програмата за нас беа алоцирани 664,2 милиони евра со буџетот на ЕУ за периодот 2014-2020, што значи по скоро 95 милиони евра во просек годишно, што пак е околу 1% од македонскиот БДП. Во ревидираната стратегија од европската комисија од 17.08.2018 посветена стриктно на ИПА, се вели дека административните капацитети за искористување на ИПА во државата биле подобрени во изминатите години, но се уште со големи недостатоци кај јавните набавки, низок степен на склучени договори (во превод слаба апсорбција), како и постоењето на ризик со несоодветно трошење (de-commitment) на ИПА фондови. (https://ec.europa.eu/neighbourhood-enlargement/sites/near/files/20180817-revised-indicative-strategy-paper-2014-2020-for-the-former-yugoslav-republic-of-macedonia.pdf)
Што се’ е потребно за поголем и успешно искориствање на постојните фондови на ЕУ за Македонија? И колку тоа ќе помогне за подобра стартна позиција во претпристапните преговори?
Систем. Тоа е она што не само во искористувањето на претпристапни фондови од ЕУ, туку насекаде во секоја пора од општеството мора да го има и да се почитува. Знам дека звучи премногу идеалистички, но без систем едноставно не можеме да функционираме, ниту да се развиваме, а најсоодветен доказ за тоа се изгубените 28 години во кои многу повеќе разрушивме одошто изградивме некаков систем. Секако за тоа најпотребна е политичката волја, како и изградена политичка култура, која сепак кај нас некако тешко се гради, што од друга страна е логично, бидејќи и релативно е краток периодот во кој постоиме како самостојна држава.
Изминативе две години поминаа во знак на надминување на проблемите со соседите, и морам да го акцентирам надминувањето на спорот со Грција кој беше огромен товар за нас во евроинтегративниот процес. Сега, да се изразам со зборовите на премиерот, го имаме имотниот лист, треба да засукаме ракави и да видиме што ќе градиме на парцелата за која го добивме тој имотен лист. Дали она што го имаме е само карабина или имаме и нешто дополнително добро изградено во објектот, па ќе треба само да се догради. Дали имаме добар проектант, дали имаме добар водоинсталатер, добар електроинсталатер, дизајнер на ентериерот и слично, се прашањата кои навидум изгледаа многу полесни но во нашиот случај очигледно дека се исто така многу комплицирани за да бидат соодветно одговорени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×