Тамара Јолевскa Попов: Брзо се прилагодивме на онлајн наставата
Објавено на од во Интервју

56439122_2092960227424708_4741468737427734528_oТамара Јолевскa Попов
професор во Американската Гимназија Скопје

Американската Гимназија изреагира навремено и понуди совршен модел за одвивање на наставата речиси со еднакво темпо како да сме во училница. Сега, секако има еден куп дистракции дома и учениците на почетокот реагираа повеќе на нив, меѓутоа со рекордна брзина ја изградија навиката да се фокусираат на часот, без разлика на тоа во каква форма им се одвива, а мора да забележам дека во АХСС се внимава да се одржи интерактивноста во наставата. Што се однесува до нас, професорите, по неколку сесии обуки за употреба на онлајн системот, брзо се прилагодивме. Интересно е што сега, кога ќе згрешиме со некоја опција на онлајн платформата, учениците се тие што помагаат и објаснуваат, па се добива една дополнителна димензија на размена на искуства поради која тие се чувствуваат  особено горди.

 

Пред три години во Скопје почна со работа приватното средно училиште Американска гимназија – American High School Skopje (AHSS), најмладата образовна институција во семејството на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.Како што ни изјавија тогаш од менаџментот на училиштето, идејата им била да им овозможат квалитетно образование на младите генерации, со цел тие да се стекнат не само со знаења, способности и вештини потребни за продолжување на школувањето на високообразовните институции, туку и да се оспособат за работа и живот во современото глобално општество. Во Американската гимназија се применуваат современи наставни методи и современа образовна технологија, прилагодени на индивидуалниот физички, емоционален и интелектуален развој на учениците, и наменети за стимулирање критичко размислување, проучување и истражување. Притоа, посебно внимаваат и на истакнување на хуманистичките вредности и негување на етичките вредности кај учениците.
Со професорката по англиски јазик во Американската гимназија, Тамара Јолевска Попов, разговаравме околу тоа како во училиштето се справуваат со новите околности во контекст на кризата предизвикана од пандемијата Ковид – 19, односно со спроведувањето на онлајн наставата и сите предизвици што ги носи со себе.
Какво е вашето искуство досега како професорка во Американската Гимназија Скопје, работејќи со тинејџери?
Јас сум просветен работник повеќе од 10 години со искуство во мноштво приватни училишта во главниот град и тоа на ученици од сите возрасти. Мора да признам дека тинејџерскиот период е, за мене, најинтересен со своите бубачки затоа што пред очите на наставникот се одвива приказната за грдото пајче што прераснува во прекрасен лебед. Почнувате да работите со деца, а на факултет испраќате полнолетни формирани личности. Имам и една голема предност што јас сум всушност лектор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, па повторно ги гледам истите млади личности и го следам нивниот развој.
Во каков период Ве затекна почетокот на кризата? Како го доживеаја тоа децата од училиштето? 
Како човек што честопати бил соочен со разни предизвици во работењето и непреченото одвивање на наставата, некако како да очекував да се затвориме во нашите домови во обид да ја „истапиме кривата“. Всушност, паниката во Македонија мене ме затекна додека летав назад кон скопскиот аеродром, па не бев ни изненадена кога бевме испратени дома по едно од моите предавања. Децата, од друга страна, веројатно малку се збунија. За нив работните навики се поинакви на училиште и дома, меѓутоа беа пријатно изненадени кога по само неколку дена АХСС излезе со решение со цел да им овозможи непречено следење на настава и одржување на истото темпо на работа како да се во училница, за да си ја завршат учебната година навремено. Нивната дисциплина е за пофалба, не пропуштаат ниту еден час и максимално и посветено си ги работат проектните задачи, како главна активност на часовите по англиски јазик и комуникативно учење.
Jolevska intervju-2Адаптацијата кон онлајн настава не е лесна. Како Американската Гимназија Скопје се соочи со тоа, и како реагираа учениците? 
Како што претходно споменав, Американската Гимназија изреагира навремено и понуди совршен модел за одвивање на наставата речиси со еднакво темпо како да сме во училница. Сега, секако има еден куп дистракции дома и учениците на почетокот реагираа повеќе на нив, меѓутоа со рекордна брзина ја изградија навиката да се фокусираат на часот, без разлика на тоа во каква форма им се одвива, а мора да забележам дека во АХСС се внимава да се одржи интерактивноста во наставата. Што се однесува до нас, професорите, по неколку сесии обуки за употреба на онлајн системот, брзо се прилагодивме. Интересно е што сега, кога ќе згрешиме со некоја опција на онлајн платформата, учениците се тие што помагаат и објаснуваат, па се добива една дополнителна димензија на размена на искуства поради која тие се чувствуваат  особено горди.
Кои се предностите, а кои недостатоците на онлајн наставата? 
Има многу и од двете. Ајде ќе почнам со недостатоците. Јас сум професор кој сета своја енергија ја носи и целосно ја троши во училницата, учениците максимално ги вклучувам (користам и доста кинезиологија, односно просто движење за будење на сите сетила), а сега сум на стол, во мојата работна соба или каде и да успеам да се скријам со компјутерот за да ја избегнам бучавата дома. Јас навистина се хранам како професионалец од нивната енергија и изненадениот поглед кога ќе научат нешто ново. Од друга страна, поради брзиот и напорен начин на живот, можеби и на сите ни требаше да си дадеме мала оддишка и да заземеме удобна поза додека работиме. Слушам за доста предизвици со кои што се соочуваат моите колеги поради недоволна подготвеност за овој начин на настава. Тоа досега не сум го искусила, затоа што институцијата ни даде вредна алатка која ги задоволува сите потреби, од поврзувањето на часовите и непречената комуникација, до лесниот проток на информации во форма на документи (проекти, домашни, есеи итн.).
Кои се Вашите размислувања за образованието во иднина? 
Иднината на образованието е како „Тојота“ хибрид. Мора да се напојува од неколку различни видови на енергија. Ова просто значи дека искуството што го стекнавме со онлајн наставата е премногу вредно и дека ќе послужи како алтернатива или пак, примарен избор во ситуации кога далечината на учениците е преголема за непосреден контакт, но сепак, не смее да се сведе само на тоа. Ние наставниците сме еден посебен вид на актери чија критички настроена публика мора и да го посети театарот за искуствено и во живо да научи и примени нови концепти. Непосредната човечка комуникација ни ги овозможува најголемите животни лекции.

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×