Танасоски: Преку регионална соработка до полесен проток на стоки низ царинските процедури
Објавено на од во Економија
Претставници на царините од државите на ЦЕФТА учествуваат на дводневната работилница посветена на изготвување регионална стратегија за управување со ризиците што од денеска се одржува во Охрид.
Screenshot_20191008-110714~2Директорот на Царинската управа на РС Македонија Ѓоко Танасоски истакна дека регионалната стратегија за управување со ризиците претставува мошне важна алатка како еден од основните постулати на Берлинскиот процес, кој претставува единствена регионална зона и заедничко управување со ризиците.
“Оваа работилница во тој контекст ја дава драфт-верзијата на регионална стратегија за упрваување со ризиците врз основа на што ќе се базира и натамошната соработка меѓу царинските управи во регионот, што на крајот има за цел формирање заеднички портфолија насочени кон значително олеснување на трговијата. Тоа ќе ја засили конкурентноста на економските оператори и ќе им овозможи зајакнување на позициите во регионалните синџири на снабдување”, рече Танасоски.
Кога станува збор за самите ризици, тие во царинскиот аспект имаат големо влијание во однос процентот физички и контроли на документацијата што треба да се сведат на минимум.
“Тоа значи да се контролира високоризичната стока, додека нискоризичната да биде ослободена за проток, со што ќе се добие олеснување на протокот на патници и стока низ царинските служби”, рече Танаскоски.
Инаку, станува збор за петта по ред средба на субјекти од царинските управи на земјите во регионот, организирана со поддршка на Германското друштво за соработка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×