Tata Consultancy Services е прва индиска компанија вредна 100 милијарди долари
Објавено на од во hi-tech & business

Индиската технолошка компанија Tata Consultancy Services (TCS) е прва индиска компанија чија пазарна вредност во последните десет години ја надминала психолошки важната граница од 100 милијарди долари, благодарение на скокот на цената на акциите во понеделникот.

Акциите на најголемиот индиски извозник на софтвер во понеделникот на бомбајската берза поскапеа за над 4%, благодарение на добрите резултатите од работењето.

Со тоа пазарната вредност на компанијата достигна над 100 милијарди долари.

Пред тоа на само една индиска компанија во историјата ова ѝ успеало, во 2008 година на Reliance Industries, конгломератот во дејности од енергетика до телекомуникации, во сопственост на најбогатиот Азиец, Мукеш Амбани.

„Тоа е важна пресвртна точка, што не само што нѐ развеселува, туку и ја менува перспективата и расположението во однос на останатите индиски софтвераши“, изјави за Bloomberg инвестицискиот стратег Гауранг Шах.

Силна поддршка на акциите им даде финансискиот извештај на TCSспоред кој нето добивката во првиот квартал на годишно ниво пораснала за 4,4%, на околу 4 милијарди евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×