ТАВ: 12% повеќе патници патувале преку македонските аеродроми годинава
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Преку двата македонски аеродроми, Александар Велики и Свети Апостол Павле, во првите девет месеци од годинава патувале 1.546.193 патници, што е за 12% повеќе во споредба со истиот период лани.

Како што информираат од ТАВ Македонија, двата аеродроми од јануари до септември годинава опслужиле вкупно 13.752 летови, што е зголемување за шест отсто на годишно ниво.

Според статистиките на ТАВ за патничкиот сообраќај, во првите девет месеци, најфреквентната дестинација од скопскиот аеродром е Истанбул (12,4%), потоа следуваат Цирих (8,7), Виена (6,8 ), Базел (5,1), Малме (4,6) и Лондон (3,9%).

Најголем број од патниците, или 57,5% има превезено Виз Ер, а потоа следуваат Туркиш Ерлајнс со 8,5, Аустриан Ерлајнс 6,8, Германиа Флуг 5,1 и Пегасус Ерлајнс со 4,5%.

Скопскиот аеродром годинава го имаше најпрометниот август досега, опслужувајќи 216.409 патници, со пораст од 23,7% во патничкиот сообраќај и 22,4-отстотен пораст на бројот на летови, достигнувајќи рекордни бројки во сообраќајот досега, што беше потпомогнато од спортскиот настан – УЕФА Супер купот. Најфреквентниот ден на аеродромот во Скопје беше 7 август кога се превезени 8.283 патници со 98 летови.

„Порастот на патничкиот сообраќај продолжи и во 2017 година, иако во првата половина од годината имавме релативно помал пораст, но по воведувањето на четирите линии од скопскиот аеродром и новите сезонски летови од охридскиот аеродром, во втората половина од годината, повторно забележавме двоцифрени бројки во порастот на бројот на патници. Очекуваме да ја завршиме годинава со солиден пораст на вкупниот број на патници“, изјави генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој.

Како аеродромски оператор додаде, ТАВ Македонија и натаму ќе ги промовира скопскиот и охридскиот аеродром кај авиокомпаниите и туроператорите, со цел да овозможи нови дестинации и нови авиолинии за нашите патници.

„Некои од неодамнешните маркетинг активности беа присуството на маркетинг одделот на ТАВ Аеродроми на форумот World Routes во Барселона на крајот од септември, додека, пак, во изминатата недела бевме домаќини на група италијански новинари при нивната туристичка посета на Македонија, што треба да резултира со промоција на Македонија како туристичка дестинација на италијанскиот пазар“, прецизира Ерсој.

Тој нагласи дека заедно со развојот на мрежата на авиолинии, ТАВ Македонија продолжува да го проширува и опсегот на аеродромски услуги, како и да го подобрува нивниот квалитет.

Оваа година од аеродромот во Скопје беа воведени пет нови дестинации. Во април почна да сообраќа новата линија до Будимпешта, а во текот на јули беа воведени линиите до Рим, Малта, Ваксјо и Доха. Виз Ер го постави четвртиот воздухоплов во базата на скопскиот аеродром, додека авиокомпанијата Катар Ервејс како нов бренд влезе на македонскиот пазар. На аеродромот во Охрид, беше воведена новата дестинација за Катовице, Полска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×