Театар Комедија ја носи претставата „Мизантроп“ премиерно на „Охридско лето“
Објавено на од во lifestyle

Мизантроп 1Во рамките на 58-то издание на фестивалот „Охридско лето“, на 19.јули ќе се одигра премиера на театарската претстава „Мизантроп“ од Молиер, во режија на Ана Вукотиќ, а во изведба на Театар Комедија од Скопје.

Оваа сериозна комедија е поглед во човековата душа на современиците од периодот кога била пишувана во 17 век, но e и магнетна резонанца на нашето време.

“Патувањето со нас е како гледање во играта на сенката. Ако се вели дека првата линија била линијата на сенката, нашиот мизантроп подвлекува линија и го поставува онтолошкото прашање: кој е побезбедниот пат – дали умерената лага или ноторната вистина? Во кој од овие два избора демне спасот, и постои ли воопшто вистинска вистина? Дали еуфемизмите на современиот ултра хипер орто и онто човек ќе ја сменат линијата на неговата сенка ако наместо слатки лаги почне да (рас)кажува за нештата какви што се навистина. Но внимателно со иднината, сенката на современиот човек кој пат и да го фати, бездруго, ќе допре до портите на пеколот”, вели драматургот Дарко Јан Спасов.

Ова е и драматуршка потрага по тоа кој е човекомразецот во пиесата – Алсест или Оронт, или можеби Селимена, Арсиноја.

“Алсест и Филинт, Арсиноја и Селимена, и сите ликови во оваа трагикомедија се драматуршки биполарни, расцепени помеѓу стравот и страста, разумот и срцето. Понекогаш овие борби и ова биполарно растројство знаат да бидат смешни, забавни. А можеби во тоа се состои и лекот и спасот. Смеата! Макар и горчлива, таа ќе нè спаси”, додава драматургот Спасов.

Режисерката Ана Вукотиќ дипломирала театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Цетиње (2004 г.),а е добитничка на бројни награди за режија на локални и на регионални театарски фестивали.

Претставата „Мизантроп“ ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот и не се препорачува за публика под 16 години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×