Тед Круз се повлече од трката за републиканска номинација за претседател на САД
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Тед Круз објави дека се повлекува од кампањата за републиканска номинација за кандидат на претседателските избори во САД, откако на внатрепартиските избори во Индијана тешко беше поразен од Доналд Трамп.

Последниот вчера, откако Круз се откажа од трката, порача дека на крајот ќе го победи кандидатот на Демократската партија, кој најверојатно ќе биде Хилари Клинтон.

По последните настани, безмалку сигурно е дека Трамп ќе биде републиканскиот кандидат на претседателските избори во САД.

Во Индијана вербалните меѓусебни напади на Трамп и на Круз кулминираа – Круз обвинуваше дека Трамп е „потполно неморален“, „патолошки лажго“, „сериски женкар“, а Трамп одговори оти Круз е „очаен кандидат кој се обидува да ја спаси својата неуспешна кампања“.

Милијардерот, сепак, кога Круз објави дека се повлекува, рече дека сенаторот од Тексас бил „паметен и жилав натпреварувач“.

Кај демократите, Берни Сандерс во Индијана ја порази Хилари Клинтон, по што порача дека „борбата уште не е готова“, иако Клинтон има значајно повеќе делегати.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×