Тедески: Atlantic групата им дава на инвеститорите поголема сигурност отколку државата
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Резултатите на Atlantic групата се такви што на инвеститорите им даваат поголема сигурност отколку суверената држава Хрватска, изјави претседателот на Atlantic, Емил Тедески, гостувајќи на регионалната телевизија N1.

„Нашата обврзница има рок од пет години, а државата планираше, и не реализираше обврзница на десет години. Тоа не е ништо чудно. Atlantic групата секако дека го следи ризикот на државата и на државите во кои работи, потпрена е на кредитниот рејтинг на Република Хрватска,  но резултатите на Atlantic се такви што на инвеститорите им даваат поголема сигурност во некои моменти, отколку што дава суверената држава Хрватска. Треба да се земат предвид и износите. Јас сум горд на перцепцијата и на рејтингот што Atlantic групата го има во финансиските кругови, како домашните, така и меѓународните“, изјави претседателот на Atlantic групата (Cocta, Argeta, Cedevita …), Емил Тедески.

На прашањето, конкретно, ѝ веруваат ли инвеститорите на Atlantic групата повеќе отколку на државата, тој одговори вака:

„А што е тука чудно? Atlantic групата сѐ што ветува на заедницата во смисла на приходи, на раст на добивката или на пазарните удели, го испорачува. Кога имате вакви резултати финансискиот пазар ви верува. Кога немате таква ситуација, особено кога со години ви се случува пад како на Хрватска, со политичка нестабилност, контроверзи во владејачкото мнозинство, тогаш не е чудно финансиските институции во тој момент да покажуваат несигурност“, рече Тедески, кој понуди и свое видување за развојот на економската ситуација во Хрватска до крајот на годината.

„Економски раст ќе оствариме независно од тоа што наесен се парламентарните избори, што имаме техничка влада, но, од друга страна, мораме да бидеме свесни дека во поголем број случаи воопшто не сме автори на ситуацијата во опкружувањето. На пример, Брегзитот создаде голема нестабилност, дојде до пад на сите индекси на берзите, и можеме да бидеме колатерални жртви на многу поголемите и поважни фактори“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×