Тедески: Без членството во ЕУ, хрватските компании би се развивале многу потешко!
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Tedeschi: Milanoviæeva vlada stabilizirale neke stvari, ali ne dovoljnoПретседателот на Атлантик група, Емил Тедески смета дека несомнено дека сите ги чувствуваат позитивните ефекти од членството во ЕУ, но дека како држава треба да настојуваат да ги искористат и капитализираат сите предности што ги овозможува членство.

Тедески во своето излагање на Конференцијата “Хрватска каква ни е потребна- пет години членство во ЕУ, порача дека географски, историски и економски Хрватска припаѓа на ЕУ и тоа многу подолго отколку што пишува во документите кои ги потпишале пред пет години.

“Треба да бидеме отворено општество насочено на квалитет, експертиза и транспарентност, а само преку заедништво и вклучување на сите, па дури и оние што доаѓаат кај нас, можеме да постигнеме напредок за нашето општество”, смета Тедески.

Членството во ЕУ е добро и за економијата, смета Тедески, со оглед на тоа дека хрватскиот пазар е премал, порачувајќи дека мораат самите да најдат начини како да профитираат од големиот заеднички пазар.

“Мораме да ги искористиме можностите кои постојат, како и средствата кои ни се на располагање. Мораме да бидеме конкурентни во опкружувањето во кое парите се уште ги позајмуваме поскапо отколку компаниите во повеќето земји од ЕУ”, смета Тедески.
Без членство на Хрватска во ЕУ тешко би се развивале иновативните компании како Инфобип, Нанобит, Римац Автомобили, како и компаниите со многу подолга традиција, како Ериксон Никола Тесла, Ветропак Стража, Кончар Електроиндустрија и многу други.
“Тоа се компании кои во тоа што го работат се глобално конкурентни, но важно е да бидат конкурентни и на формално и административно ниво и нивниот број да биде што поголем. Важно е дека можат да работат и да го развиваат бизнисот во Хрватска, да плаќаат даноци и да отвораат нови работни места и да го подигаат стандардот во целата економија”, смета Тедески.

Тој порачува дека со влезот во ЕУ Хрватска “не извлекла добитно ливче на лотаријa” и дека со бришењето на бариерите економијата станува многу поизложена и се ограничуваат можностите за било каква политика на фаворизирање или заштита на домашните деловни субјекти.
“И покрај поделеноста и политичките и безбедносни предизвици, според Тедески, ЕУ сепак претставува рамка за многу побрз и поквалитетен пат за развој на едно просперитетно општество. Но, клучот за успехот е во наши раце”, вели Тедески.

“Не треба да се залажуваме дека ЕУ е совршена и дека не би можело да има подобар облик на заедница, но е најдобар облик на здружување на европските држави што досега го знаеме. Да настојуваме како држава да ги капитализираме сите предности кои членството ни ги овозможува, пред да се свртиме кон критиките”, порачува Тедески.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×