Тедески со бизнис лекција на Копаoник форумот: Да се биде патриот значи да се плаќаат даноци и дел од профитот да се враќа каде што се создава!
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
“Случајот со пропаѓањето на најголемата компанија во регионот Агрокор го отвара прашањето за одговорноста на приватниот сектор и дали нашите компании се подготвени да се менуваат”, изјави претседателот на хрватската Атлантик Груп, Емил Тедески на Копаоник бизнис форумот насловен “Работењето на Балканот- предности, недостатоци и препораки”.
tedeschi-1_1
Тедески смета дека мораме да признеме дека постои грев и одговорност од сите припадници на политичката и бизнис елита, покрај гревот на оние кои управуваат со јавните ресурси.
“Приватниот сектор е недоволно силен, недоволно образован и недоволно свесен. Сите во регионот сме склони кон кукање и кон префрлање на вината на некој друг”, вели Тедески.
Според него, приватниот сектор треба да биде прв кој ќе ја афирмира тезата дека да се биде патриот значи да се плаќаат даноци, да се биде одговорен стопанственик и дел од профитот да се враќа онаму каде што се создава.
Тедески истакнува дека бизнисмените во регионот треба да бидат свесни дека ниту една компанија нема да биде одржлива без меѓусебно поврзување, окрупнување, трансформација и вложување во нови процеси.
“Кога зборуваме за случајот Агрокор мораме да се позанимаваме и за феноменот на одговорност и кој е одговорен за тоа што се случи во најголемата компанија во регионот. Точно е дека тоа е приватна компанија, но ако е можно да се случи таков потоп и загуба од 2,5 милијарди евра, тогаш мораме да се запрашаме и за одговорноста на приватниот сектор”, вели Тедески, истакнувајќи дека во изминатиот период сите напори биле насочени кон тоа да се спасува Титаник со цел неговото потонување да не предизвика пореметувања на пазарите во регионот, а никој не зборува јавно за тоа дека компаниите не сакаат да се менуваат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×