Технологијата на Microsoft за распознавање говор стана достапна за сите
Објавено на од во hi-tech & business

Microsoft Cognitive Toolkit е систем за вештачка интелигенција со способност за длабочинско учење, кој, како што соопштија од Редмонд, може да препознава човечки говор со многу мал удел на грешки, од 5,9%, што го прави безмалку еднаков на луѓето.

Со користењето на ова решение, компјутерите, апаратите за домаќинство или автомобилите, лесно ќе може да се управуваат со користење на природен човечки говор.

За да се овозможи што повеќе оваа технологија да се вградува во различни производи, Microsoft својот Cognitive Toolkit го стави на располагање како open source.

Соодветниот код и апликациите што го користат можат да се извршуваат на класични компјутерски процесори и на графички чипови, што го прави конкурентен на системот на Google за машинско учење, TensorFlow.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×