Технологијата радикално  ќе го смени начинот на кој се движиме
Објавено на од во СВЕТ БИЗНИС

Transpotrna revolucija WEBНа прагот сме на нова транспортна револуција

Aко визијата на технолошкиот гуру Илон Маск стане факт, следното поколение има шанса да стане првото кое ќе може со свои очи да ја види следната етапа во комерцијализацијата на патувањето надвор од земјината атмосфера.
И тоа е само еден од револуционерните пробиви, кои во следните години би требало генерално да го променат начинот на кој се движиме

 

[caption id="attachment_41540" align="alignright" width="300"]Transpotrna revolucija WEB 01 Ракетите на SpaceX ќе дозволат брз транспорт до секоја точка на планетата во рамки на 25 минути[/caption]

Речиси и да нема фан на научна фантастика, кој што за момент не мечтаел дека кога ќе порасне ќе се вози со вселенски брод. За жал, развојот на технологиите не се случуваат со брзина со која децата си замислуваат додека ги читаат бесмртните романи на Жил Верн, Херберт Вуелс, Аисак Азимов, Филип Дик или Артур Кларк.

Но, ако визијата на технолошкиот гуру Илон Маск стане факт, следното поколение има шанса да стане првото кое ќе може со свои очи да ја види следната етапа во комерцијализацијата на патувањето надвор од земјината атмосфера.

И тоа е само еден од револуционерните пробиви, кои во следните години би требало генерално да го променат начинот на кој се движиме.

Тоа се разбира нема да се случи за 2,3 или 10 години, но со сигурност ќе ја покаже насоката и ќе го трасира патот на транспортот на следните генерации.

[caption id="attachment_41539" align="alignright" width="300"]Transpotrna revolucija WEB 02 Суборбиталните летала на Virgin Galactic ќе донесат комерцијализација на стратосферната авијација[/caption]

Ако подадеш рака кон звездите…

Кон крајот на септември минататагодина технолошкиот милијардер и основач на компанијата Tesla и SpaceX, Илон Маск официјално ги објави своите планови за пилотирана комерцијална  експедиција до Марс, во рамки на следното десетлетие. Дали тоа ќе стане реалност во рамки на ветениот временски период се уште е прашање со многу тежок одговор.

Но, поинтересни се технологиите кои се во основата на овој приватен вселенски проект, затоа што тие имаат влијание и врз животот на луѓето на Земјата, тука и сега. Станува збор најмногу за ракетите за многукратна употреба, разработени и веќе неколкукратно тестирани од SpaceX. Досегашните вселенски летала кои излегуваа надвор од земјинатата орбита, изгоруваа во атмосферата, што ја зголемуваше цената на секој лет. Кај технологијата на SpaceX ракетите носители се враќаат назад на Земјата и за кратко после тоа се подготвени за нов лет. Според Илон Маск, тие се способни да однесат во околуземната орбита летало со околу 450 тона товар и околу 100 луѓе. Таму тој ќе се дополнува со гориво од друго летало танкер, пред да тргне на меѓупланетарно патување.

Поинтересниот момент за луѓето од прагматична гледна точка е што технологијата не може да се користи да брзо суборбитално транспортирање на луѓе или товари меѓу кои биле две точки на Земјата. Технологијата за ова веќе постои и е прашање на време кога таа ќе сане реалност.
Според Маск, првото летало ќе биде конструиран многу скоро, во следните 4 години, кога ќе почнат и орбиталните тестови, и околу 2024 година ќе биде готов за првата мисија.

Според плановите на SpaceX, новото вселенско летало ќе биде способно да прави 12 навлегувања во атмосферата, пред да биде пензиониран. Ракетите за повеќекратна употреба, кои го изведуваат леталото околу Земјата, пак, ќе имаат доста подолг живот или околу 1.000 полетувања. Во земниот контекст, тие сигурно ќе му донесат огромна предност на Маск во бизнисот со изведување на комуникациони и други сателити. Технологијата за ултра брз суборбитален превоз на луѓе и товари по целата планета со сигурност ќе предизвика сериозен интерес од страна на воените организации, кои најверојатно ќе бидат првите клиенти.

[caption id="attachment_41537" align="alignright" width="300"]Transpotrna revolucija WEB 04 Самоуправувачки автомобили: Се е прашање на регулација[/caption]

Повисоко од небото, побрзо од звукот

Само пред неколку недели во јавноста се зборуваше и за уште еден од пионерите на приватните вселенски летала-Ричард Бренсон. На почетокот на декември, неговата компанија Virgin Galactic изврши успешен тест лет на новата машина за суборбитални полети VSS Unity. Тоа е првата активност на вселенската “авиокомпанија” по трагичниот инцидент од 2014 година, кога VSS Enterprise  се сруши за време на тестирањето. Намерата на Бренсон e Unity и останатите шест летала од типот на SpaceShipTwo да вршат туристички летови со брзина од околу 4.000 километри на час на границата меѓу атмосферата и Космосот. Пред да добијат лиценца за оваа дејност, тие треба да поминат низ серија тестови на висолина од 100 километри. Засега не е јасно кога точно ќе се случи тоа, особено по несреќата со VSS Еnterprise и преминувањето кон друг тип на движење на новите вселенски летала. Технологијата, инаку ги отвара широко вратите за комерцијализирање на “стратосферната авијација”.

И ако плановите на Бренсон за суборбитален туризам се уште се соочуваат со многу технички проблеми, има еден друг проект со негово учество, кој има револуционерен потенцијал во сферата на транспортот. Станува збор за денверскиот стартап Boom, кои разработува нов патнички авион.

Тој ќе биде способен да се движи со брзина од околу 2.300 километри на час, но ќе биде помал од своите претходници Конкорд и Ту-144, и ќе собира околу 40 патници.

Испитувањата на прототипот ќе започнат во текот на 2017 година, а првите комерцијални летови се очекуваат во 2023 година.

Американската вселенска агенција NASA заедно со авиациските гиганти Boeing и Lockheed Martin  исто така работи засилено на нов вселенски патнички авион, наречен QueSST, така што ренесансата во авионските патнички летови може да се очекува во блиска иднина.

Хипервоз на иднината

Но, да се вратиме на Земјата. Другата технолгија која се обидува да го промени начинот на кој луѓето се движат се нарекува Hyperloop. Таа технологија може да се нареше и воз на иднината или воз на следната генерација, кои не се движи на шини, но би може.

Станува збор за систем, кој дозволува транспортирање на луѓе и товари во капцули, кои се движат на магнетна лпатека и во средина со низок притисок или вакум, што дозволува брзини на движење приближни на авионите или од 1000-1.200 километри на час. Придвижувањето се случува во специјални херметички затворени цилиндри кои можат да се под или над земјата.

Идејата за прв пат е лансирана од Илон Маск во средината на 2012 година. Две години подоцна тој основа стартап со име HyperloopOne со почетен капитал од 160 милиони долари и персонал од 200 инженери. Компанијата успешно ја демонстрираше технологијата во акција во мај минатата година на полигон за тестирање во Лас Вегас и во моментот се гради целосно нова тест траса наречена DevLoop, која треба да биде готова во првата половина од 2017 година. HyperLoop веќе има разговори за евентуално градење на траси со властите на САД, Финска, Обединетите Арапски Емирати, Русија, Швајцарија и Холандија.

[caption id="attachment_41538" align="alignright" width="300"]Transpotrna revolucija WEB 03 Автопилотот ќе ја надмине потребата од управување на автомобил[/caption]

Еволуција на четири тркала

Што се однесува до автомобилите, промената која претстои се движи постепено и веќе е видлива за сите. Тоа се случува во две насоки. Едната е разбивање на нафтениот монопол кај горивата и пренасочување на автомобилите кон се подигитализирани системи. Тоа што не очекува во блиската иднина се самоуправувачку автомобили, базирани на искуствен интелект. Всушност, прашањето на нивно воведување за широка потрошувачка не е толку технолошко, туку регулаторно, морално-етичкко и социјално.
Според некои аналитичари на транспортниот сектор, во многу биска иднина автопилотото може генерално да го промени начинот на кој се движиме, бидејќи ќе ја елиминира потребата од управување на автомобил.

Иако најпопуларните имиња во областа на роботизираните автомобили се Google и Tesla, во пракса сите големи играчи во автомобилската индустрија имаа разработки и инвестиции во оваа област. На пример, Fiat Chrysler минатата година објави стратешко партнерство со Waymo, одделот на Google кои ги разработува системите за самоуправување. General Motors, пак, ја купи стартап компанијата за автомобили со автопилот Cruise за астрономска сума од 1 милијарда долари. Гигантите како BMW, Mercedes, Ford, Toyota, Volkswagen и Honda имаат целосно функционирачки модели на автомобили со автопилот.

Така да за автомобилите со автопилот веќе не треба да се зборува како за иднина, туку во сегашно време. Посебно откако програмерот, хакер и сопственик на стартапот за самоуправувачки автомобили Comma.ai, Џорџ Хоц го пушти во слободна употреба софтверниот код на својот автопилот, кои веќе успешно бил инсталиран на старите модели на Tesla S и Ford Fusion.

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×