„Телеграф“: Повеќе од 30 конзервативни пратеници подготвени да го блокираат Брегзит без договор со ЕУ
Објавено на од во Политика
Повеќе од 30 пратеници на владеачката Конзервативна партија се подготвени да гласаат за блокирање на евентуалното излегување на Велика Британија од Европската унија без спогодба, пишува британскиот конзервативен весник „Телеграф“, додавајќи дека тоа се случува додека двете спротивставени групи се подговуваат за разврска во британскиот Парламент.
бреџитСем Џима изјави дека пратениците ќе ги истражат „законодавните“ можности за да го спречат Брегзит без договор, како што е на пример спречување следниот премиер да го распушти парламентот или создавање на алтернативни можности. Тоа се случува откако Лабуристичката партија навести дека може да побара гласање доверба на владата доколку таа се фокусира на Брегзит без договор.
Народните избраници во понеделник ќе направат нов обид за блокирање на излегувањето на Велика Британија од  ЕУ, за време на гласањето во Домот на општините за Северна Ирска.
Владата иницира предлог закон за блокирање на секакви избори за северноирскиот Парламент се додека траат преговорите за воспоставување на баланс на надлежностите на државите што ја сочинуваат Велика Британија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×