Тендер за закуп на 7.590 хектари државно земјиште. Се чека закупец и за Џумајлија.
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска распишаа три јавни огласи за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над три хектари по пат на електронско јавно наддавање. Понудена е вкупна површина од 7.590 хектари во Валандово, Гевгелија, Кавадарци, Куманово, Велес, Прилеп, Струмица и Свети Николе. Помеѓу нив секако најинтересни се преостанатите три парцели од земјиштето на ЗК Џумајлија во Овчеполието. Една од четири парцели на Џумајлија веќе доби под закуп велешката компанија Агриа.

jumajlijazemj

На домашните и странските правни лица или нивните подружници кои ќе аплицираат, земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи треба да им е претежна дејност или земјоделското земјиште да им е потребно за вршење на научно – истражувачки дејности.

– Право на учество на јавниот оглас немаат лицата кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина по претходно склучени договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост и даночни обврски и придонеси по основ на персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок на добивка, придонеси од задолжително социјално осигурување, како и правни лица за кои е отворена стечајна постапка, како и непрофитните организации, соопшти МЗШВ.

Оттаму прецизираат дека големината на површината на земјоделското земјиште во државна сопственост за која може да се поднесе пријава и која може да се даде под закуп на еден учесник, се утврдува врз основа на минимално материјално-техничката опременост на понудувачот и бројот на планирани вработени, односно вработени според бизнис планот

Сите понудувачи на огласот, заедно со понудата треба да достават банкарска гаранција која мора да биде безусловна, неотповиклива и наплатлива на првиот повик со важност од 120 дена сметано од последниот ден за поднесување пријави за учество на јавниот оглас. Банкарската гаранција за учество треба да е во висината на понудената деветмесечна закупнина за географската целина, но не пониска од почетната цена утврдена во јавниот оглас и треба да биде издадена од банка со седиште во Република Македонија.

Во третиот Јавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање , понудена е вкупна површина од 3.407ха 19ар 06м2 . Земјиштето е во 6 географски целини (3 во Свети Николе и по една во Струга, Ресен и во Струмица).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×