Тендерска документација за „Чебрен” до крај на октомври годинава, вели Анѓушев
Објавено на од во Економија
Проектот „Чебрен”, со овој тендер што ќе биде прв на оваа Влада, како што истакна, без оглед на претходните девет или десет неуспешни, ќе биде успешен.
Koco-Angjusev-vlada-696x371-768x409-730x409Промена на концептот на досегашните неуспешни тендери за енергетскиот проект „Чебрен” и тендерска документација до крај на октомври годинава, најави вечерва вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во интервју за МТВ.
„Концептот на деветте неуспешни тендери досега ќе го измениме. Повторно ќе го работиме со  IFC од Светска банка, но ќе направиме измени коишто ќе бидат во насока и на заштита на домашниот интерес и да биде атрактивен за инвеститорите. Тендерската документација ќе биде готова до крај на октомври, ќе биде слична на досегашната, но многу поатрактивна за инвеститорите“, наведе Анѓушев.
Проектот „Чебрен”, со овој тендер што ќе биде прв на оваа Влада, како што истакна, без оглед на претходните девет или десет неуспешни, ќе биде успешен.
„Се менува малку концептот и тендерските услови за да станат поатрактивни и пазарно ориентирани бидејќи во меѓувреме се промени и пазарот на електрична енергија“, рече вицепремиерот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×