Теоријата на Ајнштајн потврдена – постојат гравитациски бранови
Објавено на од во НАУКА / ИНОВАЦИИ / БИЗНИС

Американските научници го потврдија постоењето на гравитациски бранови предвидени пред речиси сто години од Алберт Ајнштајн кој ги опиша како „пукнатини во структурата на просторот и времето“, објави денес Националната научна фондација на САД на прес-конференцијата посветена на откритието.

Како што пренесуваат агенциите, научниците истакнале дека ова откритие се смета за голем пробив во физиката, што ќе отвори нови погледи на вселената и нејзините тајни.

„Со ова е потврдена и последната негова досега непотврдена теорија, според којашто гравитациските бранови се движат со брзина на светлината во вакуум и имаат отстапувања во просторот. Оттаму, секои тело со забрзувањето емитува гравитациони бранови, коишто се сé посилни колку што масата на телото е поголема и колку што побрзо се движи“, се наведува во соопштението.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×