Тепачка кој да продава гас на Балканот
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Додека Газпром и нивните турски партнери ја исцртуваат црноморската траса на алтернативниот гасовод за Балканот американците и нудат сериозни опции за снабдување со гас на Србија. Вака отприлика изгледа ретроспективата на случувањата поврзани со гасификацијата на регионот од последната недела за кои никој со сигурнос не може да предвиди како ќе се завршат и со какво конечно решение ќе резултираат.

Во висок стил со хеликоптерска обиколка над Црното Море, Алексеј Милер генералниот директор на  Газпром ја објави и трасата на новиот гасовод, кој од рускиот брег на Црно Море во близината на Анапе ќе оди под морето.

Според досега познатите податоци, точката за испорака на гасот за турските потрошувачи ќе биде во областа Лулебургаз, а излезната точка на турско-грчката граница ќе биде кај Ипсала. Должината на копнената траса на гасоводот ќе изнесува 180 километри. Се очекува во блиска иднина „Газпром“ да добие дозволи за проектни и надзорни работи за новата турска подморска делница на гасоводот која ќе обезбедува капацитет од 63 милијарди кубни метри годишно.

Скоро истовремено на безбедносната конференција во Минхен, САД ѝ понудиле на Србија две алтернативи за снабдување со гас, првата Србија да добива гас од САД преку Хрватска и Унгарија за што услов за тоа е изградба на терминал на островот Крк. И втората варијанта, дистрибуција на гас од Азербејџан која може да се реализира дури за неколку години.

Според познавачите на состојбите конкретно за Македонија е подобро да се реализира руската варијанта(гасовод преку Турција и Грција за Србија), бидејќи во тој случај низ Македонија наместо периферен ќе поминува главниот крак на рускиот гасовод. Но, со оглед на се позасилено противење на ЕУ, под голем знак прашалник е конечната реализација на овој проект, кој веќе доживеа еден колапс со неговата бугарска траса.

„Јужен тек“, како и кој и да е поголем инфраструктурен проект во Европа, може да биде направен само во согласност со правилата на ЕУ.  Гасоводите што се градат спротивно на правилата на ЕУ претставуваат опасност за функционирањето на внатрешниот пазар“ е официјалниот став на Европските институции по ова прашање.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×