Тешки облаци со бура над глобалната економија. Доаѓа нова криза, не се знае од каде!
Објавено на од во Uncategorized

Иако во ММФ се плашат од нова криза, велат дека немаат кристална топка за да видат од каде таа ќе почне. Пазарите тонат, Германија и еврозоната се слаби и тука е алармот за ебола и за потенцијален банкарски балон.

Пазарите тонат, Германија и еврозоната се слаби и тука е алармот за ебола и за потенцијален банкарски балон. Мрачни беа темите на средбите на Меѓународниот монетарен фонд и на Светската банка во Вашингтон минатиот викенд. На годишниот состанок учествуваа економисти и политичари од 187 земји, меѓу кои отсуствуваше добро расположение иако ММФ и Светска банка го славеа 70-от роденден.

Бидејќи на кризата и нема крај, ММФ ги ревидираше сите прогнози. „Опоравувањето продолжува, но е многу слабо и нерамномерно. Најверојатно развиените земји никогаш не ќе можат да се вратат на преткризните стапки на раст и затоа каматните стапки ќе мора да останат на историски најниско ниво“, изјави главниот економист во ММФ, Оливие Бланшар, и објави дека очекуваниот раст од 3,3% е за 0,4 процентни поени понизок од објавениот пролетва.

Откако никој не успеа да ја спречи последната финансиска криза, ММФ сега предупредува на можноста долгорочното одржување на ниски камати да доведе до нови проблеми – недоволно преземање економски ризик за поддршка на растот, а во истовреме зголемен пристап до финансиски ризици. Тоа не е намерата на централните банки кога ги кратат трошоците за позајмување и создаваат електронски пари. Тие очекуваат евтините пари да го поттикнат духот на претприемачите и да ги охрабрат да инвестираат. Но, наместо тоа, тие создаваат казино чипови за шпекулантите, коментира британскиот весник „Гардијан“.
ММФ дијагностицираше три главни проблеми: Прво, иако банките се засилија преку прилив на нов капитал, тие не се доволно силни за да одговорат на потребите. Второ, ризикот премина од традиционалните банки кон „банкарството во сенка“, кое го прават хеџ фондовите, инвестициските банки и пензиските фондови кои не земаат депозити директно од граѓаните. Во ММФ сметаат дека следната криза може да почне од сенката на овие банки. Трето, ако каматните стапки останат ниски, може да ги направат инвеститорите безгрижни – веќе има мала разлика помеѓу безбедните и ризичните инвестиции. Иако во ММФ се плашат од нова криза, велат дека немаат кристална топка за да видат од каде таа ќе почне.

Дали е тоа Европа? Сите симптоми се тука. Економијата се тетерави во и надвор од рецесија. Стапката на инфлација се движи околу нула. Населението старее. Затоа директорката на ММФ, Кристин Лагард, праша: Дали Европа е новата Јапонија? Нејзиниот одговор е ДА. Нејзиниот совет е дека Европа мора да направи своја верзија на политиката на јапонскиот премиер Шинцо Абе, позната како „абеномикс“, која значи повеќе монетарна стимулација за полесно доаѓање до пари и поголема фискална стимулација преку поголемо јавно трошење, како и структурни реформи за да се направи економијата поефикасна. Но, министерот за финансии на Германија смета дека потпишувањето чекови не е вистински одговор. Во духот на Кејнз, еден од основачите на Бретонвудските близнаци, од ММФ порачаа дека владите треба да ги зголемат трошењата за инфраструктурни проекти, посебно затоа што сега трошоците за позајмување биле многу ниски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×