Connect with us

менаџмент / маркетинг

Tesla на Илон Маск влезе во клубот на „трилионери“

Во фокус

објавено

на

Tesla Inc., производителот на електрични автомобили чијшто основач и директор е фамозниот Илон Маск, ја премина пазарната  вредност од еден трилион (илјада милијарди)долари откако акциите на компанијата се тргуваа  за повеќе од 1.000 долари на Волстрит во понеделникот.

Така, Tesla се приклучи на одбраното друштво американски корпорации што имаат поголема пазарна капитализација од еден трилион долари, во коешто се Apple, Microsoft, Amazon.com и  Alphabet (Google) во моментов. И Facebook беше дел од оваа група, но цената на неговите акции во меѓувреме се намали. Вредноста на Tesla сега е поголема од следните девет автомобилски компании на листата најголеми на светот, собрани заедно.

Инвеститорите ја турнаа акцијата на Tesla преку магичната граница откако Hertz Global Holdings објави дека нарачале 100.000 автомобили за својот рентакар бизнис, што отвора можност возилата на овој производител да се приближат уште повеќе до мејнстрим возачите.

Вредноста на Tesla се вивна до границата од 1.000 милијарди долари невообичаено брзо. За помалку од две години нејзината пазарна вредност порасна од 100 милијарди долари до сегашната вредност, што значи десеткратно. Колку за споредба, на Amazon му требаа повеќе од осум години за да ја достигне оваа граница. 

економија20 часа ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови