Tesla бара место за својата фабрика за автомобили во Европа
Објавено на од во hi-tech & business
Пред неколку месеци, американскиот производител на електрични возила Тесла ги објави плановите за отворање фабрика во Европа. Според најновите информации, компанијата веќе има фаворит како дестинација.
Exterior view of Tesla Factory located in Fremont, CaliforniaСпоред  Rheinische Post, цитирана од Блумберг, претставници на компанијата веќе обиколија на соодветните локации во Северна Рајна-Вестфалија. Според друг медиум, NWZ, Долна Саксонија исто така се смета за можна опција.
Во јуни, основачот на Тесла ја наведе Германија како најверојатен избор во Европа како одговор на прашање на Твитер.
„Можеби околу германско-француската граница би имало најмногу смисла, во близина на Бенелукс“, коментирал тој во тоа време.
Европа се смета за втор најголем двигател за развој на електрични автомобили по Кина.
Тесла, од своја страна, се соочува со многу нови конкуренти во оваа насока. Потрошувачите сега можат да изберат од зголемен број вакви луксузни модели од брендови како Меркдес-Бенз, Јагуар и Ауди.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×