Tesla добива вистинска конкуренција – најавените инвестиции во електрични возила надминуваат 90 милијарди долари
Објавено на од во hi-tech & business

Ford деновиве најави дека има намера да ги удвои инвестициите во електрични возила на 11 милијарди долари, но тоа е само дел од големиот инвестициски бран на глобалните автомобилски компании што ќе се влее во производство на батерии и на електрични возила, што достигнува вредност од најмалку 90 милијарди долари и дополнително ќе расте, пишува Reuters.

Овие пари се слеваат во сѐ уште малиот сектор што изнесува помалку од 1% од продажбата од околу 90 милиони возила секоја година, и во кој компанијата Tesla е доминантен играч со ланска продажба од околу 100 илјади возила.

Водечките светски производители на автомобили се подготвуваат да воведат десетици нови батериски и хибридни бензиско-електрични модели во следните пет години.

Инвестициите во електрични автомобили најавени досега вклучуваат најмалку 19 милијарди долари од страна на американските производители, 21 милијарди долари во Кина и 52 милијарди во Германија.

„Tesla се соочува со вистинска конкуренција“, вели извршниот директор на компанијата AutoNation, Мајк Џексон, најголемиот малопродажен синџир за продажба на автомобили во САД. Тој очекува дека до 2030 година електричните возила би можеле да достигнат од 15% до 20% од продажбата на нови возила во САД. t

Но, директорите на американските и на германските производители, анкетирани на маргините на Detroit Auto Show, велат дека најголем дел од овие вложувања се наменети за Кина, каде владата донесе зголемена квота за продажба на возила на електричен погон почнувајќи од 2019 година.

Покрај ова, овие инвестиции покажуваат дека најголемите светски производители на автомобили реагирале на притисокот на регулаторите во Европа и во Калифорнија, за да се намали емисијата на јаглерод диоксид од фосилните горива. Тие се под притисок и поради успехот на Tesla во продажбата, поради што компанијата е преплавена со порачки.

И додека Tesla сега е најистакнат светски производител на електрични автомобили, „наскоро тоа ќе биде секој“, изјави во Детроит извршниот директор на германски Daimler, Дитер Цече.

Тој најави дека Daimler ќе инвестира најмалку 11,7 милијарди долари во развој на 10 електрични и 40 хибридни модели.

Но, најголеми инвестиции најавува Volkswagen кој до 2030 година има намера да вложи 40 милијарди долари во развој на електрични возила.

Американски General Motors објави планови за воведување 20 нови батериски и хибридни модели до 2023 година, но не кажа колку точно планира да вложи за целта.

Детали за инвестициите не објавија ниту кинеските производители, вклучувајќи ги локалните партнери Ford, VW и GM, но порачаа дека имаат многу агресивни инвестициски планови.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×