Tesla Model 3 е најпродаван електричен автомобил во САД
Објавено на од во hi-tech & business

За Tesla последниве недели има разни шпекулации за преголеми расходи и премали приходи, па некои аналитичари на оваа индустрија на крајот на минатиот месец предвидуваа дури и скорешен банкрот на компанијата. На гласините се обиде да им стави крај самиот Илон Маск, кој по повод 1. април се пошегува на Twitter со банкротот на компанијата.

Набрзо се дозна дека ситуацијата, барем што се однесува на производството, веќе не е толку лоша. Проблематичното производство на Model 3, кое никако да ги достигне неделните и месечните таргети, почна конечно да расте и моментално од линијата неделно излегуваат околу 2.000 возила. До крајот на кварталот планот е зголемување на 5.000 неделно, што значи дека до крајот на годината ситуација треба целосно да се стабилизира, и конечно да обезбеди нешто поголем прилив на кеш за компанијата.

А побарувачка на пазарот за автомобилите на Tesla не недостасува. Во првите три месеци од 2018 година произведени се 29.980 возила, од кои 11.730 се Model S, 10.070 Model X, и 8.180 Model 3.

Последниот се продава исклучиво во САД, па со нешто повеќе од 8 илјади продадени во три месеци, стана најпродаван електричен автомобил на овој пазар.

За да обезбеди зголемување на производните капацитети, Маск одново спие во фабриката, за да не губи време на патување и да биде максимално концентриран на работата на Model 3 и неговиот „производен пекол“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×