Тесла склучи договор со кинески кредитори за гига фабрика
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Официјален претставник на владата во градот Шангај рече дека фабриката се очекува да биде завршена во мај.
tesla gigafactoryТесла потпиша договор со кредитори од Кина за објект од 3,5 милијарди јуани (521 милиони долари) за гига фабрика во Шангај и обезбеди нови кредити од банките кои би можеле да се користат за инвестиции во САД и на други места.
Тесла објави дека фабриката ќе чини околу 2 милијарди долари.
Во соопштението, од Тесла велат дека го промениле својот кредитен договор со синдикатот на банките, преку зголемување на обрските од 500 милиони долари на вкупно 2,425 милијарди американски долари, додека продолжувањето на рокот на доспевање на договорот е пролонгиран на три години.
Договорот за кредит е обезбеден со дел од побарувањата, инвентарот и опремата на Тесла. Тесла позајмил 431,0 милиони долари според договорот во 2018 година.
Тесла исто така ги дополниле и измениле своите акредитиви на 400 милиони долари од 200 милиони долари.
Производството на автомобили во Кина, најверојатно, ќе й помогне на компанијата да го минимизира влијанието на трговската војна на САД и Кина, која ја принуди Тесла да ги прилагоди цените на своите автомобили во САД со тие во Кина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×