Tesla со рекордна загуба – за понатаму вложува сѐ на една карта – Model 3
Објавено на од во hi-tech & business

Најголемиот светски производител на електрични возила, Tesla, извести за досега најголемата квартална загуба од 675,4 милиони долари, значајно поголема од истиот период во 2016, кога изнесуваше 121,3 милиони.

Истовремено, приходите пораснале од 2,8 на 3,3 милијарди долари.

Иднината на компанијата зависи од производството на Model 3 седан, чие производство и натаму е под притисок на роковите. Но, и покрај тоа, Tesla објави дека и натаму планира да постигне производство на Model 3 до крајот на првото тромесечие од 2.500 возила неделно, а до крајот на второто тромесечие од 5.000.

Според зборовите на основачот на Tesla, Илон Маск, препреките за постигнување на производство од 5.000 возила неделно до крајот на второто тромесечие „секоја недела се сѐ помали“.

„Во одреден момент во 2018 година очекуваме дека ќе почнеме да генерираме тромесечна оперативна добивка на одржливи темели“, изјавил Маск во разговор со инвеститори.

Model 3 почна да се продава во САД на крајот на 2017, по цена од 35.000 долари. Станува збор за возило од средната класа, за кое во Tesla тврдат дека е моментално најповолно на пазарот, и се надеваат на масовна побарувачка. Model 3 е осетно поевтин од Model X и Model S, кои се продаваат по цена поголема од 70.000 долари.

Објавата на финансиските резултати не влијаеше значајно на цената на акцијата на Tesla, која од почетокот на годината е во плус од 10%, по ланскиот раст од 35%. Tesla со пазарна капитализација од 56,1 милијарди долари, е моментално втора највредна автомобилска компанија во САД, по General Motors, чија вредност лани беше проценета на 145,6 милијарди долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×