Tesla стана највреден производител на автомобили во САД – ги престигна GM и Ford
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Минатата недела акциите на Tesla пораснаа до вредност што беше доволна за вкупната вредност на компанијата на Илон Маск да го престигне Ford, а силниот раст продолжи и на почетокот на седмицава. Вчера, пак, цената на акцијата достигна 312,39 долари, што ја постави пазарната вредност на Tesla на околу 50,9 милијарди долари (во моментов на пишување на оваа вест е 51,54 милијарди), што е повеќе и од General Motors (50,22 милијарди).

Со ова Tesla стана највреден производител на автомобили во САД, престигнувајќи ги своите многуподологовечни и традиционално силни конкуренти.

Ако порасне вредноста на Tesla за уште околу милијарда долари, компанијата на Маск би можела по вредност да ја престигне и Honda, со што би влегла на листата пет највредни производители на автомобили во светот, покрај Toyota, Daimler, Volkswagen и BMW.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×