Тевдовски и Ангеловска-Бежоска на Пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон
Објавено на од во Економија
Делегација предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерката на Народна банка Анита Ангеловска-Бежоска, учествува на редовните Пролетни средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон.
tevdovski-bezovskaМинистерството за финансии соопшти дека предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници на Светска банка, Меѓународниот монетарен фонд, Европската инвестициска банка и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ). Во рамки на средбите закажани се состаноци со заменик-претседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија Сирил Милер, со директорот на СБ за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер, со извршниот директор на Светска банка за Конституенцата во која е Северена Македонија Кун Дејвитсе, со Пол Томсен, извршен директор на ММФ за Европа и шефот на мисијата на ММФ за Македонија Џесмин Рахман.
Во фокусот на разговорите ќе бидат тековната и идната соработка на Македонија со овие меѓународни финансиски институции. На овие состаноци, меѓу другото ќе се говори и за финансискиот и банкарскиот систем, како и воопшто за финансиската стабилност на земјава. Делегацијата ќе оствари средба и со потпретседателката на ИФЦ за Латинска Америка, Карибите, Европа и Централна Азија, Георгина Бејкер.
Од Народната банка информираат дека постигнатите резултати од досегашната успешна соработка меѓу нашата централна банка и ММФ, подетално ќе бидат анализирани и на состаноците што гувернерката Ангеловска-Бежоска ќе ги оствари со раководителите на неколку дирекции на оваа меѓународна организација, вклучително и дирекциите за статистика и за монетарни и капитални пазари. Ќе се дискутира и за можностите за поддршка од ММФ за дополнително унапредување на работата на Народната банка, преку техничка и советодавна соработка во сферата на стандардите за статистичко известување и на моделите за економско проектирање.
На состанокот со потпретседателот на ЕИБ, Андре Мекдовел и со генералниот директор на ЕИБ за кредитни операции, Жан-Кристоф Лало ќе биде склучен меморандум за соработка меѓу Народната банка и ЕИБ во спроведувањето на Анкетата за кредитна активност на ЕИБ за земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа.
Како претставник на шесте земји од регионот што сѐ уште не се членки на Европската Унија, гувернерката Ангеловска-Бежоска ќе учествува и на состанокот на надзорниот одбор на Виенската иницијатива 2 што ќе се одржи во рамки на Средбите во Вашингтон.
Пролетните средби на ММФ и СБ се одржуваат секоја година и на нив учествуваат гувернерите на централните банки и министрите за финансии на земјите членки. Редовно, во дискусиите на Средбите, акцентот е ставен на актуелните случувања во светската економија и на важни теми како што се поттикнувањето на економскиот раст, намалувањето на сиромаштијата и промовирањето одржлив и инклузивен економски развој за сите целни групи во општеството.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×