Тевдовски на конференцијата „Даноци, правда и економски развој“ во Ерменија
Објавено на од во Економија

Тој е поканет како говорник на конференцијата поради визијата за поправедно општество и кредибилното водење на јавните финансии.

tevdovski-1-777x437

Министерот за финансии Драган Тевдовски, присуствува на конференцијата: „Даноци, правда и економски развој“, што се одржува во Ереван, Ерменија, организирана од германската фондација „Фридрих Еберт“.

Тој, како што информираат од Министерството за финансии, во своето излагање ги презентираше македонските искуства за реформирање на даночниот систем, со цел намалување на доходовната нееднаквост и забрзување на економскиот развој.

– Само преку создавање кредибилни институции и одговорно управување со истите можеме да одиме напред. Владата уште од почетокот е посветена на креирање подобро општество за сите. Целите се подобар животен стандард за граѓаните, напредок на земјата и развој на економијата. Во делот на даноците сме посветени на креирање праведен даночен систем – изјави министерот Тевдовски.

Тевдовски во својата презентација ги објаснил и причините поради кои Владата одлучила кај нас да воведе праведен, прогресивен данок почнувајќи од годинава.

Министерот за финансии, се наведува во соопштението, во своето обраќање направи споредба помеѓу прогресивните и рамните даноци. Зборуваше за нивните ефекти врз доходовната нееднаквост, јавниот долг и економскиот раст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×