Тевдовски: Од ЕБОР ќе се обезбедат средства за Скопје-Блаце и Кичево-Гостивар
Објавено на од во Економија
Европската банка за обнова и развој ќе влезе во финансирање на изградбата на автопатите Скопје-Блаце и Кичево-Гостивар, односно првата делница Кичево-Букојчани.
tevdovski-1-777x437Ова го најави министерот за фианнсии Драган Тевдовски на Годишните средби на Европската банка за обнова и развој, кои се одржуваат во Сараево.
-На Годишните состаноци на ЕБОР имавме прилика да зборуваме за тековната, но и идната соработка со Банката. Договоривме поддршка за идниот период – изградба на важни патишта во нашата земја. Тоа се автопатот Скопје-Блаце и на Кичево-Гостивар, односно првата фаза Кичево-Букојчани, како и изградба на електронски патарини долж Коридорот VIII и на патот Миладиновце-Штип, рече Тевдовски.
Тој посочи дека се бараат и се обезбедени и грант средства за изградба на овие патишта. За Кичево-Букојчани преку Инструментот за Западен Балкан обезбедени се 20 милиони евра, додека за Скопје-Блаце се очекуваат грант средства од ЕБОР во износ од 27 милиони евра до крај на годината.
„Тоа се неповратни средства. Овие се добри проекти бидејќи ќе се гради инфраструктурата која ќе го придвижи и економскиот раст, но и ќе ги подобри условите за живот на граѓаните во нашата земја“, вели Тевдовски.
Инаку ЕБОР во јавниот сектор во земјава финансира најмногу проекти од патната и железничката инфраструктура. Портфолиото на банката во овој сектор изнесува 622 милиони евра.
Тевдовски и премиерот Заев учествуваа на Годишните средби на ЕБОР во Сараево. Средбите се одлична можност за претставување на инвестициските можности на земјата, за разгледување на тековните, но и договорање на идни проекти со Банката.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×