Тевдовски: Повисоката наплата на даноци и придонеси за 120 милиони евра покажува повисока економска активност
Објавено на од во Економија

ТевдовскиНаплатата на даноци и придонеси заклучно август е повисока за 120 милиони евра во однос на минатата година. Ова укажува на поголема економска активност, односно поголема добивка на фирмите, повисоки плати и нови работни места, вели министерот за финансии Драган Тевдовски.

Тевдовски посочи дека даноците и придонесите пораснале за 7% во однос на минатата година. Ова значи продолжување на позитивниот тренд во однос на второто тримесечје годинава, кога економијата постигна повисок раст на БДП од 3,1%.

“Наплатата на даноците покажува интензивирање на економската активност. Во периодот јануари-август наплатата на даноците е 7% повисока. Ова се должи во голема мерка на растот на данокот на добивка, чија наплата е подобра за 25% во однос на лани или за околу 35 милиони евра. Тоа укажува на зголемена активност на фирмите. Исто така има раст на придонесите на 7% укажува дека трендот на раст на плати и нови работни места продолжува и после второто тримесечје. Имено, високата наплата на придонеси во првото полугодие од годинава е поврзано со растот на платите за 5,6% и растот на бројот на работни места за околу 10.000 нови”,вели министерот за финансии Тевдовски.

Сервисирањето на обврските од државата се одвива непречено.

“Обврските се покриваат редовно. Повратот на ДДВ кон фирмите е навремен и неселективен. Од почетокот на годината до крајот на август, во стопанството се вратени 250 милиони евра поврат на ДДВ. Во август имавме извршено најголем поврат во последните години, во износ од 44 милиони евра. Со обезбедување на ликвидност на фирмите, се поддржуваат нивните тековни, но и инвестициски активности. Во овој период се забележува поголема инвестициска активност на компаниите. Имено, ако се анализира увозот, во периодот од јануари-јули 2018, најголем раст од 19,7% се забележува кај секторот машини и транспортни уреди. Овој податок укажува на раст на инвестициите на фирмите во основни средства. Тоа ќе придонесе за раст на економската активност и во иднина, поголемо производство и нови работни места”, вели Тевдовски.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×