Тевдовски: Приходите во буџетот за првите пет месеци се зголемени за 6,6%
Објавено на од во Економија
Буџетот е ликвиден и сите плаќања се извршуваат навремено, а приходите во буџетот за првите пет месеци се зголемени за 6,6 отсто, изјави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.
VIK_3678„Нашиот буџет е ликвиден. Ние успеавме да ја стабилизираме целосно финансиската состојба. Значи исплаќаме се навремено, многу подобро од претходниот период. Не треба никој да стравува, сите плати и пензии и се друго што е издаток од буџетот во најбрзо време се исплаќа. Не би сакал да коментирам весели математики од опозицијата, бидејќи само во првите пет месеци од годинава растот на вкупните буџетски приходи е 6,6 проценти поголем во однос на истиот период минатата година“, рече Тевдовски на новинарско прашање за обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека УЈП собрала за осум отсто помалку средства од даноците  до мај се собрани 25 милиони евра помалку средства.
Тевдовски заедно со гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска – Бежоска, денеска одржаа средба со новинари по повод претстојниот сосатнок на Конституенцата на СБ и ММФ што викендов че се одржи во Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×