Тевдовски: Со новиот закон за јавни набавки се подобрува вклученоста на малите претпријатија во набавките
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Со новиот Закон за јавни набавки, кој ќе стартува од април, се воведуваат низа мерки кои ги подобруваат условите за вклученост на малите и средни претпријатија во јавните набавки, бидејќи тие се ’рбетот на економијата. Ова го вели министерот за финансии Драган Тевдовски во интервју за порталот biznisregulativa.mk.
Tevdoski budget
- Од една страна, вклученоста на малите и средни претпријатија во јавните набавки, им овозможува на договорните органи да ја прошират базата на потенцијални понудувачи и да ги почуствуваат позитивните ефекти од поголемата конкуренција. Од друга страна, се создава противтежа на доминантните играчи на пазарот-вели Тевдовски.
Со законот се намалуваат административните трошоци за учество, што е од особено значење за малите и средни претпријатија посочува министерот. Покрај тоа, со законот се воведува и можност за директното плаќање на подизведувачите, кои најчесто се мали и средни претпријатија. Доколку пак, не е предвидено директно плаќање, договорниот орган бара од носителот на набавката да му достави доказ, дека го исплатил подизведувачот во рок од 60 дена од денот на исплаќање на фактурата од договорниот орган, објаснува Тевдовски.
Министерот за финансии посочува дека новиот Закон за јавни набавки ги штити и правата на работниците.
- Се воведуваат одредби кои се однесуваат на вклучување на социјални аспекти во постапките за јавни набавки, односно резервирани договори со цел поттикнување на инклузивен раст и вработување социјално загрозени групи – вели Тевдовски.
Министерот за финансии вели дека новиот Закон за јавни набавки е европски закон и посочува дека тој има три клучни цели: прво, да обезбеди рационално трошење на државните пари; второ, слободна и фер конкуренција и трето, транспарентност во јавните набавки.
Во согласност со европските правила и пракса, новиот Закон дава можност покрај цената да се вреднува и квалитетот. При тоа договорниот орган во зависност од предметот на набавка самиот ќе може да утврди дали како критериум ќе ја користи најниската цена, исплатливоста врз основа на животниот век на производот или најдобриот однос помеѓу цената и квалитетот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×