ТИ: Македонија претпоследна во регионот според Индексот на корупција за 2016 година
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Транспаренси интернешнл“ го објави Индексот на перцепција на корупцијата за 2016 година. Македонија е на 90-то место место меѓу 176 земји од светот, со пад во однос на 2015 година – сега има 37 поени, за разлика од 42 во 2015. Во регионот од Македонија полошо рангирано е само Косово, кое е на 95-то место, со 36 поени, но кај соседната ни држава има подобрување, зашто во 2015 година имала 33 поени на Индексот.

Словенија, според овој Индекс, има најмалку корупција во регионот, и се наоѓа на 31-вото место, со 61 поен. Хрватска е 55-та со 49 поени; Црна Гора 64-та со 45 поени; Србија на 72-то место со 42 поени; пред нас е и Босна и Херцеговина, која со Албанија го дели 83-тото место, со 39 поени.

Најдобри на листата според Индексот на перцепција на корупцијата се Данска и Нов Зеланд, кои го делат врвот со скор од 90 поени, а зад нив се Финска, Шведска, Швајцарија, Норвешка.

На дното, пак, се Сомалија, со 10 поени; Јужен Судан со 11; Северна Кореја со 12.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×