“Тиквеш” ги носи пивото “BIP” и пијалокот “Руски Квас” на македонскиот пазар
Објавено на од во Компании

Од март 2019 во Македонија може да се купи познатото пиво од Белградската индустрија на пиво БИП (BIP) како и пијалакот Квас. Во рамки на својата трговска програма овие производи почна да ги увезува и дистрибуира нашата најголема винарница, ВВ „Тиквеш“.
РАдош
„Ова е природен чекор кој го преземавме имајќи предвид дека станува збор за наша сестринска компанија која е во Србија и оперира веќе 2 години. Преку воведување на пивото како комплементарен производ во портфолиото на „Тиквеш“ имаме намера да ги задоволиме барањата на консументите. Изградивме квалитет, знаеме што е прифатливо, а што не за потрошувачите на овие простори. Преку нашата продажна сила како и одличните релации со ХоРеКа партнерите ќе нудиме “one-stop-shop” сервис.”, изјави Радош Вукиќевиќ, генерален директор на Тиквеш.
„Стратешките планови за здружување на сродните сегменти од регионалната индустрија за пијалаци – сегментот на вино каде лидер е „Тиквеш“, сегментот на пиво со БИП и останати регионални играчи од оваа индустрија беа најавувани од страна на претседателот на УО на ВВ „Тиквеш“, г-дин Светозар Јаневски и сега ги реализираме. Со овој чекор, преку производство на врвен производ како на вино така и на пиво, „Тиквеш“ ќе ја засили својата позиција како лидер во индустријата во регионот.” вели Вукиќевиќ.
Иако портфолиото на БИП е пошироко, Тиквеш за почеток ќе увезува и дистрибуира пиво во лименка од 0,5 литри и пиво во стаклена амбалажа од 0,33 и 0,5 литри.
Дополнителна иновација на нашиот пазар ќе биде и т.н. Квас или Руски квас кој е исклучително популарен кај северниот сосед, во Русија и во Америка, вклопувајќи се во трендот на популарноста на пробиотските пијалаци. Консументите за првпат ќе можат да пробаат квас со вкус на лимон и црна рибизла кој е 100% природен сок направен од житарици.
Пивото БИП во изминатите 2 години ги освои потрошувачите во Србија со својот вкус бидејќи е правено по традиционален метод, по посебна рецептура од страна на врвни стручни лица кои имаат креирано врвни светски пива, со висококвалитетни состојки кои внимателно се одбираат за да се постигне соодветен вкус на пивото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×