Тиквеш со два милиони евра го заокружува производството на премиум вина
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Заокружувањето на целиот процес за производство на премиум вина е околу два милиона евра. За оваа година првично се планирани 700 илјади евра, од кои делумно за дозавршување на тоа произвдоство, а делумно на инвестирање во лозови насади, едукација на човечки ресурси, доосовременување на технологии и користење обновливи извори на енергија“ ова го најави генералниот директор на Тиквеш Игор Илиевски.

Според него Винарската визба „Тиквеш” останува на стратегиската опредлеба – континуирано инвестирање во производството, подобрување на квалитетот и промоција на македонското вино во светот.

„Компанијата продолжува да вложува со несмалено темпо, а фокусот и натаму е што поголем обем на продажба пред се на странските пазари како единствен начин за долгорочна одржливост и раст на бизнисот“.

Изминатите десетина години „Тиквеш“ вложи преку 30 милиони евра во осовременување на капацитетите и подигање на квалитетот воопшто – опрема, технологија, лозови насади, знаење, човечки ресурси.

One thought on “Тиквеш со два милиони евра го заокружува производството на премиум вина

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×